Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Влада: Во Казнениот законик ќе влезе и терминот „демнење“

0
By Нова ТВ on January 29, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Согласно обврската на институциите да застанат во заштита на жените и девојките, Владата ги повикува Обвинителството и Судот да постапуваат брзо, одлучно и професионално и да бидат значаен и суштински дел од институционалниот одговор на санкционирањето на родовото и сексуалното насилство, информира владината Прес-служба.

– Владата вчера ја поздрави постапката на Телеграм со затворањето на групата „Јавна соба”, бидејќи е недозволиво пред очи да се случуваат кривични дела, а за тоа да нема соодветни реакции. Во исто време, потенцираме дека против осомничените и приведени лица и против сите оние што ги прекршиле македонските закони по повеќе основи, ќе бидат покренати соодветни кривични пријави со целосно документирани предмети и инсистираме истите да бидат водени преку соодветни постапки од страна на Јавното обвинителство и судот и за сите за кои ќе се утврди дека го прекршиле законот да следуваат соодветни казни, најитно можно, се наведува во владиното соопштение.

Владата посочува дека нема да дозволи ниту една форма на насилство или повреда на права на жени, девојки или кој било граѓанин, да бидат одмолчени или неказнети.

– Севкупната домашна легислатива за овие прашања и усогласувањата со меѓународните конвенции за родово базираното и сексуално насилство се насочени кон искоренување на домашното насилство, сексуалното вознемирување, силување, присилен брак и сите други форми на родово базирано насилство преку интернет комуникациските канали, со драстични мерки и казни, се додава во соопштението.

Од Владата посочуваат дека одредбите од неодамна усвоениот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство јасно укажуваат дека насилството врз жените и семејното насилство не може да се сметаат за приватна работа и дека државата воспостави сеопфатни и интегрирани политики да превенира и да ги заштити жртвите на насилство.

– Законот ги дефинира сите облици на насилство согласно Истанбулската конвенција, вклучувајќи и чекор повеќе во постапките за заштита на пријавувачите на овие појави како сериозни придобивки за жртвите и за брза реакција и постапувањето за секое сторено насилство. Освен регулирањето на превентивните мерки што секоја институција во системот за заштита има обврска да ги преземе со цел елиминирање на насилството врз жените и семејното насилство, посебно важно место доби законската обврска за брзо и ефикасно постапување на институциите, посебно судот, во изрекувањето на итни и на привремени мерки за заштита, се потенцира во соопштението.

Според Владата, со уредувањето на подзаконските акти кое е во тек, Судот ќе има обврска, веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа по приемот на предлогот од Министерството за внатрешни работи и полицискиот извештај, без да одржи рочиште да одлучи за изрекување на итна мерка за заштита на лицата жртви на родово базираното насилство.

– Дополнително, во вкупниот ангажман на Владата во однос на ова прашање, влегува и новата работна верзија на Казнениот законик (КЗ). Со промените во КЗ се додава член 144А, во кој се вметнува терминот „Демнење”. Со него се објаснува дека тој што истрајно и за подолго време неовластено ќе следи, прогонува или на друг начин се меша во личниот живот на друг, или со него воспоставува или настојува да воспостави од него несакан контакт со движење во просторот каде се наоѓа тоа лице, со злоупотреба на користење на личните податоци, со користење на телекомуникациски или други средства за комуникација или на друг начин психички го злоставува, вознемирува или застрашува и со тоа ќе предизвика чувство на несигурност, вознемиреност или страв за неговата сигурност или сигурноста на нему блиско лице, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години, се нагласува во соопштението.

Владата е убедена дека во сеопфатните процеси за сузбивање на овие појави значаен придонес ќе даде и воведувањето на сеопфатно сексуално образование кое има за цел да укаже и да превенира и вакви случаи.

– Сите овие наши активности и пораки се пораки за охрабрување и за директна поддршка на жртвите на ова насилство. Ќе ги преземеме сите неопходни чекори да ги заштитиме и да ги казниме сторителите на овие грозни дела. Нема да дозволиме општество на неми сведоци на насилството врз жените и девојките. Ќе го разобличиме и осудиме секое насилство сѐ додека не развиеме култура во којашто насилството врз жените и девојките е неприфатливо, се додава во соопштението на владината Прес-служба.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.