Владата преку оглас бара 80 државни функционери кои ќе бидат распоредени на високи финкции.
Според огласот кој е објавен на веб страницата на Владата се бaраат:
– шест советници на премиерот за Национална безбедност и политички прашања, за надворешни работи, за економија и претприемништво, за финансиски и монетарни прашања, за земјоделство и советник за правосудство и администрација
– над 20 директори и тоа на Агенција за млади и спорт, на Агенција за лекови и на Државен пазарен инспекторат, па се до Управата за финансиско разузнавање
– 18 амбасадори на Република Македонија во: Белград, Стокхолм, Пекинг, Бразилија, Токио, Вашингтон, Подгорица, Москва, Киев, Виена, Берлин, Отава, Будимпешта,- Приштина, Каиро, Постојана Мисија при ОН во Њујорк, Постојана Мисија на НАТО во Брисел, Канцеларија за врски во Атина, Република Грција
Може да аплицираат лица кои имаат познавања од областа и високи менаџерски способности.
По добивањето на апликациите, стручни тимови на Владата ќе направат проверка на апликантите и ќе се направат интервјуа со потенцијалните кандидати.