Според објавените проспекти на Министерството за финансии, државата денеска од домашните кредитори планира да позајми 42.520.325 евра, пишува Фактор.
Се работи за две аукции на државни записи со рок на доспевање од 364 односно 182 денови. Утре Владата на домашните кредитори треба да им врати 41 милион евра.
Според последните податоци на Министерството, заклучно со септември внатрешната задолженост изнесува 1.62 милијади евра и на крајот од третиот квартал во споредба со состојбата на крајот од вториот квартал, има намалување за 18 милиони евра.
Надворешниот долг во истиот анализиран период изнесува 1.97 милијарди евра и кај него е регистрирано зголемување за 13 милиони евра.
Вкупниот јавен долг, со вклучен долг на јавните претпријатија, на крајот од септември изнесува 3.94 милијарди евра.