Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата чека „абер“ од Субрата Рој

0
By Нова ТВ on February 14, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 14, 2013 16:12

Владини претставници, веднаш по објавата на веста дека се замрзнати дел од сметките на Субрата Рој во Индија стапиле во контакт со фирмата на индискиот бизнисмен, во обид да се утврди дали случувањата во матичната земја можат да го загрозат проектот во Македонија, објавува порталот Фактор.

Сега се чека одговорот на Рој, после кој ќе биде појасно дали е доведен под знак прашање проектот Сахараја Македонија.

Одговорот најверојатно ќе биде во форма на соопштение со кое Сахараја Груп ќе ги извести сите свои деловни партнери за состојбата, а Македонија е една од потенцијалните локации за инвестиции на индискиот милијардер.

Како што вчера објави НОВА, Судот во Индија на барање на индискиот регулатор СЕБИ ги замрзна сите сметки на тамошниот милијардер Субрата Рој.

Замрзнати се сите сметки и целиот имот на фирмите од Сахара Груп, како и личните банкарски сметки и личниот имот на Субрата Рој и уште тројца од неговите директори.

Откако индискиот врховен суд пресуди во спорот помеѓу регулаторното тело и Сахара Груп и ја задолжи компанијата да врати 3 милијарди евра со 15 проценти камата на милиони измамени граѓани.

Министерот за финансии, Зоран Ставревски, неодамна изјави дека не е загрижен поради спорот на Субрата Рој во Индија бидејќи тоа било работа на друга држава, а за него било важно да се реализира она што е договорено тука.

„Ќе објаснат ли Груевски и фамилијата пред граѓаните на Република Македонија, кој е всушност Субрата Рој и што се крие зад неговата т.н. инвестиција. Ќе објаснат ли дали е извршена трансакција за хотелот Славија кој наводно го купи Индиецот“, стои во соопштението на огранокот во Охрид на ВМРО-НП.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.