Published: Friday, May 8, 2020 16:19
Полицискиот час за време на викендот да почнува од 19 часот и трае до 05 утрината. Ова денеска на владина седница ќе го предложи министерот за здравство Венко Филипче, откако Комисијата за заразни болести донела ваква предлог одлука.
„Тоа ќе биде дадено и ќе се одлучи на владина седница и после тоа ќе се информира јавноста. За олабавување на мерките, останува да ги следиме состојбите во текот на денешниот ден, дали каков ќе биде бројот на заболени“ – истакна Филипче.
Во текот на викендот, Владата треба да донесе одлука и за евентуално скратенување на полицискиот час во работните денови, почнувајќи од почетокот на наредната недела.




