Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата донесе одлука за продажба на станови за лица со низок приход

0
By Нова ТВ on January 12, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 12, 2014 15:07

Владата на Република Македонија донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за услови и критериуми за распределба на станови изградени по „Проектот за изградба на станови кои ќе се издаваат на лица со ниски приходи FP 1340 “, со која се овозможува продажба на становите изградени по овој проект, а средствата од продажбата на овие станови ќе бидат наменети за изградба на нови станбени единици, рече денес министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски.

Тој додаде дека “во изминатиот период спроведовме активности во насока на промена на концептот на овој проект со што на овие лица ќе им се овозможи да ги откупат становите во кои живеат, а добиените средства да бидат употребени за изградба на нови станови, со цел решавање на прашањето за домување на други лица”.

“Со цел овозможување на откуп на становите за лица со ниски приходи, Министерството за транспорт и врски, на барање на голем број граѓани на кој им бил доделен ваков стан, поднесе иницијатива до Банката за развој при Совет на Европа за измена на условите и критериумите и беше предложено овие станови да можат да бидат откупени, односно врз основа на одредени услови да им бидат продадени”,рече тој.

Министерот појасни дека лицата корисници на овие станови можат да поднесат барање за купување на станот до АД за стопанисување со станбен и деловен простор во државна сопственост, по истекот на закупничкиот период кој не може да биде пократок од пет години.

Барателот треба да е државјанин на Република Македонија, да нема долг по основ на закупнина, лицето, неговиот брачен другар и членовите на неговото заедничко домаќинство да немаат стан, куќа или куќа за одмор или деловен простор во нивна сопственост или да не се корисници на друг стан или деловен простор во државна сопственост на територијата на Република Македонија и лицето, неговиот брачен другар и членовите на неговото заедничко домаќинство да не примаат поголем доход од 100% просечна плата во Република Македонија.

Кон барањето за купување на станот треба да достави уверение за државјанство, уверение за жителство, копија од лична карта, која ќе се користи согласно Законот за заштита на лични податоци и изјави заверени кај нотар од лицето, неговиот брачен другар и другите членови на неговото заедничко домаќинство дека немаат стан, куќа, куќа за одмор или деловен простор во нивна сопственот или да не се корисници на друг стан или деловен простор во државна сопственост на територијата на Република Македонија, а за членовите на зедничкото домаќинство кои не се полнолетни изјава дава родителот, неговиот законски застапник или старателот. Потреба е и потврда од органот надлежен за водење на јавната книга за запишување на правата на недвижности дека лицето, неговиот брачен другар и другите членови на неговото семејно домаќинство не се запишани како носители на право во катастарот на недвижности, потврда за висината на месечната исплатена плата остварена за последните три месеци за барателот, неговиот брачен другар и сите полнолетни членови на неговото заедничко домаќинство и потврда за невработеност за членовите од заедничкото домаќинство на барателот.

Цената на становите ќе се утврдува врз основа на ,,Уредбата за методологијата за утврдување на вредноста на станот, како и методологијата за утврдување на висината на закупнината, висината на непрофитната закупнина, начинот на плаќање на закупнината, просторните норми, начинот на користење на станот, постапката за доделување на непрофитни станови, станови за службени потреби, за привремен закуп, закуп на станови за определена намена“ донесена од страна на Владата на Република Македонија.

Според министерот лицата кои не ги исполнуваат условите за откуп на овие станови ќе продолжат да ги користат со плаќање на закупнина, чија цена зависи од висината на вкупните приходи на семејството кое живее во станот, односно доколку имаат пониски приходи од наведените во критериумите ќе плаќаат социјална закупнина од 15-20 денари по метар квадратен или пак доколку имаат повисоки приходи од наведените во критериумите ќе плаќаат закупнина од 60-85 денари по метар квадратен, во зависност од локацијата на станот.

“Реализацијата на овие активности, не само што ќе овозможи излегување во пресрет на голем број семејства кои не можеа да ги откупат становите во кои живеат веќе подолг временски период, туку и ќе овозможи реализација на нови проекти со кои ќе се решава домувањето на лицата кои се во социјален ризик и го немаат решено ова животно прашање, рече Јанакиевски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.