Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата донесе повеќе кадровски решенија

0
By Нова ТВ on November 25, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Како што информира владината прес-служба, Амет Аџиу е разрешен од должноста в.д. директор на Национален парк „Пелистер“- Битола. Осман Шукриу е именуван за нов директор на Јавната установа Национален парк „Пелистер“- Битола.

Владата одлучи Трајче Ангеловски да го разреши од должноста член на Советот за јавно-приватно партнерство, на негово барање, поради постоење состојба на судир на интереси. Елпида Младеновска е разрешена од должноста член на Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈП за стопанисување со државните шуми „Национални шуми“- П.О. Скопје, на нејзино барање (вработена во УЈП подрачно одделение Крива Паланка). Ѓоко Талевски е рзарешен од должноста член на Управниот одбор претставник на основачот на ЈЗУ Клиничка болница „д-р Трифун Пановски“ – Битола, на негово барање (поради судир на интереси именуван за државен правобранител за подрачје Битола).

Дејана Николова е разрешена од должноста член на Управниот одбор  на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Свети Николе, стручeн работник од Центарот за социјална работа, на нејзино барање, а за член на Управниот одбор  на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа  Свети Николе – стручeн работник од центарот за социјална работа да ја именува Катерина Сенева Конева.

Никола Камчев е разрешен од должноста член на Управниот одбор на ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш, на негово барање (избран за нотар). Владата го именува Веселин Стојчевски за член на Управниот одбор на ЈЗУ Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел“ Битола-претставник на основачот (членот на УО Весна Грамосли е почината).

Владата го именува Ристо Пецов за член на Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈП за стопанисување со државните шуми „Национални шуми“- П.О. Скопје.
Еран Куртиш е именуван за в.д. директор на Агенцијата за остварување на правата на заедници.

Со одлука на Владата на денешната седница Драгољуб Филипоски е отповикан од должноста член на Надзорниот одбор на АД за аеродромски услуги „Аеродроми на Република Северна Македонија“ во државна сопственост и за член на Надзорен одбор на АД за аеродромски услуги „Аеродроми на Република Северна Македонија“ во државна сопственост го избра Бинас Пајазити.

Владата донесе одлука Зоран Иванов да се разреши од должноста член на Надзорниот одбор на АД „Медиумска информативна агенција“- Скопје, во државна сопственост.

Владата даде согласност на одлуката на УО на ПИОМ за изборот на Шаип Зендели да биде заменик-директор на оваа институција.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.