Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата финансиски поддржала конференција против вакцини сред кампања за имунизација

0
By Менче Атанасова Точи on September 19, 2019 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 19, 2019 16:29

Владата учествувала во финансирањето на конференција во организација на Здружението„ Од нас за нас“ на која ќе се дебатира против забраната за запишување невакцинирани деца во градинките и училиштата во време на кампања за задолжителна вакцинација иницирана од самата Влада. Од Здружението од „Нас за нас“, за НОВА потврдија дека на нивната сметка биле уплатени 30 000 денари преку трезорска сметка, но потврда за учество од надлежните поканети претставници од институциите, се уште немаат.

„Ги поканивме премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче, Рената Десковска, министерка за правда, министерката за труд и социјала Мила Царовска, Арбер Адеми, министер за образование, но нема потврда дека некој од нив ќе учествува на конференцијата. Се јавувавме неколку пати во кабинетот на Филипче, но нема никаква потврда за негово учество“, изјави за НОВА, Гордана Гоџо.

Таа вели дека претходно, во јуни, кога се уште не биле регистрирани како здружение неколку претставници биле кај премиерот Заев, а на таа средба присуствувале и министрите за образование, правда и труд и социјала.

„Тогаш побаравме отворена трибина на оваа тема, премиерот се согласи и го задолжи министерот Филипче да организира, но тоа не се случи и ние после тоа се организиравме сами. На таа средба премиерот вети дека ќе учествува со сопствени средства, но ние парите (30 000 денари) ги добивме преку трезорска сметка“, изјави Гоџо.

НОВА упати прашања до Владата дали навистина финансирале дел од конференцијата на која ќе се зборува против вакцинацијата, (ќе се случува петок и сабота), и од таму потврдија дека ги поддржале со финансиски средства со цел да се овозможи јавна дискусија и презентација на факти за вакцинацијата и за потребата од заштита на здравјето на граѓаните. Од Владата велат дека претставници од здравствените установи ќе учествуваат на конференцијата.

„ За да се организира конференцијата, Владата на Република Северна Македонија обезбеди финансиска поддршка на Здружението на граѓани за заштита на човекови права „ОД НАС ЗА НАС“ Скопје во износ од 30.000 денари, со единствена цел да се овозможи платформа за јавна дискусија и презентација на факти за вакцинацијата и за потребата од заштита на здравјето на граѓаните.

Здравствените установи ќе имаат свои претставници на дискусијата на која ќе бидат презентирани научни и медицински факти за употребата и ефектите на вакцините, ќе аргументираат од стручен аспект и ќе објаснуваат со цел да се надминат дилемите кои постојат кај некои граѓани во врска со вакцинацијата“,се вели во одговорот од Владата.

Од Владата потврдија дека во текот на месец јуни се одржал состанок меѓу група родители кои не сакаат нивните деца да ја примат вакцината за заштита од вирусите на морбили, рубеола и паротит( МРП вакцина) и премиерот Заев.

„На состанокот присуствуваа и министерот за здравство Венко Филипче, министерот за  образование и наука Арбер Адеми, министерката за правда Рената Дескоска и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Владата тогаш  се заложи  дека во претстојниот период треба да  се спроведе јавна презентација на факти и медицински анализи пред сите засегнати страни, но пред сé, пред родителите со цел темелно и точно да бидат информирани за МРП вакцината.

Одлуката Владата да прогласи епидемија на ситни сипаници на територијата на целата земја и да се спроведе вонредна вакцинација е донесена врз снова на научни факти и мислења на експерти, според кои во услови на намален колективен имунитет и пораст на бројот на заболени, единствен начин да се сузбие епидемијата е да се спроведе вакцинација во и надвор од здравствените установи“, се вели во одговорот од Владата.

Од Здружението „Од нас за нас“ велат дека целта на оваа конференција е, присилна вакцинација, на велат дека која се противат. На конфренцијата ќе зборуваат учесници од Македонија, Србија, Хрватска кои се против вакцинација, но потврда дека на стручниот,  медицински дел ќе учествуваат медицински лица од институциите се уште немаат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.