Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата ги намали увозните давачки за индустриската пиперка и доматното пире

0
By Нова ТВ on November 12, 2014 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата на Република Македонија на вчерашната седница го прифати барањето на земјоделските индустриски производители за намалување на увозните давачки за индустриска пиперка и доматно пире.

Како што информираше владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев, квотата за извоз на индустриска пиперка изнесува 2.000 тони, а еден увозник смее да земе ¼ од предвиденото, односно 500 тони.

– Оваа одлука е донесена како резултат на консултација со земјоделските индустриски производители кои имаат потреба од овие производи во своето производство, и со домашните производители на овие производи, со цел да се донесе одлука која ќе биде во корист и на двете категории на земјоделски стопанства, односно да се придонесе и за земјоделските индустриски производители да се задоволат нивните потреби, но истовремено да не се наштети на производството и пласманот на овие производи кои се произведуваат од домашни производители, изјави Ѓорѓиев.

Земјоделските индустриски производители досега плаќаа 50 отсто од овие давачки, а сега ќе плаќаат нула. Одлуката важи до крајот на оваа година.

Втората одлука е намалување на царинската стапка за увоз на доматно пире. Оваа владина одлука ќе важи до 30.06.2015 година.

Еден увозник може да внесе 125 тони, што е ¼ од вкупно предвидените 500 тони.

– Со оваа одлука, според информациите кои ни беа доставени, нема да се наштети на домашните производители на пиперка затоа што анализите покажаа дека огромен дел од количините кои се произведени од домашни производители се веќе пласирани, и остануваат за пласман уште околу 1000 тони од овој производ. Исто така, бевме информирани дека нема да се наштети ни на домашните производители на доматното пире, затоа што заради негативни климатски ефекти се очекува намалување на домашното производство на овој производ, рече владиниот портпарол.

За двете одлуки ќе важи принципот прв дојден, прв услужен.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.