Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата го очекува заемот од ЕБОР за изградба на локални депонии

0
By Biljana on January 27, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини очекува наскоро да биде одобрен заемот од ЕБОР за изградба на локални депонии во земјава.

„Изградбата на регионалните депонии е многу битна за нашата држава, бидејќи од прогласувањето на независноста до сега за жал не сме имале ни една инвестиција во регионален систем за отпад. Конечно имаме проекти истовремено сме во процедура со ЕБОР. Минатата недела се сретнавме со директорот на ЕБОР, а следната недела ќе дојдат во земјава нивните експерти за животна средина и за отпад. Мислам дека сме на крај тие да го одобрат заемот“, рече Нуредини на денешната средба со новинарите.

Имаме одлука на Влада, прецизира, за заем од 55,3 милиони евра со кои ќе изградиме централни депонии за Пелагонискиот и Југозападниот регион во Новаци, за Југоисточниот и Вардарскиот регион во Василево и за Полошкиот регион во Русино.

„За нивна реализација неопходна е соработка од локалната самоуправа. Како Влада ќе поддржиме да имаме регионални претпријатија кои ќе ги менаџираат тие локации и ќе обезбедиме средства за инвестиции, но мора да соработува и локалната самоуправа со нас и да немаме опструкции“, рече Нуредини.

Решение е, нагласи, ако сите заедно соработуваме и не е потребно постојано да имаме барања од општините да направиме нови депонии на нови локации. На тој начин само се губат по две три години на изработка на документи.

„Веќе имаме којзнае колку документи и анализи во државава, но ни една инфраструктура за собирање на отпад не е направена. Сега имаме средства од ЕБОР, а за Полошкиот регион и од швајцарската држава, како и ИПА проект за Североисточниот регион кој е речиси готов за да започнеме со рехабилитација на дивите депонии и да изградиме регионална депонија во Свети Николе, но треба претходно да реализираме уште некои барања и решенија од локалната самоуправа кои очекуваме да завршат“, посочи Нуредини.

депонии ЕБОР Насер Нуредини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.