Шефот на дипломатијата Никола Поповски одржал средба со амбасадорите на земјите членки на НАТО и ЕУ на која се разговарало за слободата за медиумите, борбата против корупцијата и независноста на судството.
За почитувањето на слободата на медиумите, Попоски истакна “Владата осудува секаков говор на омраза, навреда и клевета без разлика од која страна се изречени и на кои се однесуваат” се вели во соопштението од министерството за надворешни работи по вчерашната средба на министерот Никола Поповски по брифингот одржан со Амбасадорите на земјите членки на ЕУ и НАТО како дел од редовните средби за размена на мислења за актуелни теми од заеднички интерес поврзани со ЕУ и НАТО интеграциите.
“Владата посветено продолжува да работи на реформите во правосудството и борбата против корупцијата. Беше нагласен напредокот со градењето на систем на следливост за ефикасноста во правосудството” се додава понатаму во соопштението.
Оваа реакција на владата во врска со говорт на омразата во медиумите уследи по забелешките на диполоматскитот кор а во врска со јавно изнесени навреди на адреса на дипломатски претставници во Македонија од страна на некои медиуми.



