Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата ја продолжува реконструкцијата на Универзална сала, Арсовска ја остави разурната повеќе од една година

0
By Ана Василевска on November 17, 2022 ВЕСТИ, РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Откако на владина седница беше донесена одлука да се издвојат финансиски средства и евентуално централната власт да го финализира објектот Универзална сала, се очекува да се формализира решението околу тоа како ќе продолжи реконструкцијата. Одговорноста треба да ја преземе Министерството за култура, по неуспехот на градоначалничката Данела Арсовска, која пак дополнително го комплицираше и опструираше процесот, а објектот остана разурнат.

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов вчера заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска беше на средба кај градоначалничката Данела Арсовска. Пенов изјави дека тие добиле согласност од Арсовска за Универзална сала целосно да ја преземе Министерство за култура.

„Имаме комплетна согласност заеднички да работиме на тој проект, со тоа што Министерството за култура ќе ја преземе Универзална сала“, изјави по средбата министерот Пенов.

Според информациите, доколку градоначалничката Арсовска одбие да ги предаде ингеренции, тогаш Владата планира овој објект да го прогласи за објект од национален интерес, па така автоматски реконструкцијата да падне во рацете на Министерството.

Од прес-службата на Град Скопје потврдија дека градоначалничката Данела Арсовска, заедно со минитрите Ристо Пенов и Бисера Костадиновска Стојчевска донеле заеднички заклучок во однос на Универзална сала, дека треба да продолжи нејзината реконструкција како проект од поширок државен интерес.

„Донесовме заеднички заклучок дека изградбата на Универзалната Сала во Скопје е од исклучителен интерес за скопјани, но и за цела Македонија. Се договоривме дека во следните денови ќе изнајдеме заедничко прифатливо решение за да продолжи изградбата во интерес на граѓаните и за истото ќе ни се обрати Министерството со писмено барање за што ќе се изјасниме откако ќе го добиеме официјалното барање“, се наведува во соопштението од Град Скопје.

Па така, сега се очекува Министерството за култура и официјално да ја започне постапката за преземање на Универзалната сала во Скопје. Ова следува откако реконструкцијата што ја започна претходниот градоначалник Петре Шилегов сега веќе подолг период тапка во место.

Реконструкцијата на концертната сала започна во октомври минатата година. Со усвојување на ребалансот на Буџетот за 2020 година, Владата и парламентарното мнозинство за овој култен објект во Скопје, одвоија средства во износ од 120 милиони денари.

Пред започнување на реконструкција на Универзалната сала, Шилегов истакна дека во текот на 2021 година Универзална сала, во еден нов сјај ќе им се врати на скопјани и ќе продолжи да биде култно место, каде што е целокупната историја на современа Македонија.

„Со обезбедените буџетни средства конечно се создадени услови за отпочнување на целосна реконструкција на овој објект во постоениот облик и габарит, одржувајќи го својот автетичен изглед како симбол на обновата на постземјотресно Скопје. На овој чекор се одлучивме после широката подршка која што јавноста ја даде за идејата да се сочува Универзалната сала во постојната форма, на постојната локација, што пак не значи дека сме се откажале од идејата и за нова концертна сала со придружни други конгресни капацитети на друга соодветна локација“, изјави тогаш Шилегов.

Сепак, со промената во фотелјата во Град Скопје, Арсовска започна да ја опструира реконструкцијата. Градоначалничката кога стапи на должност рече дека проектот за реконструкција на Универзална сала не е безбеден, додека пак проектантското биро реагираше дека проектот е професионално сработен и целосно безбеден, а јавноста е се уште во исчекување дали некогаш Универзална сала ќе профункционира повторно, како некогаш.

Дури и денес Арсовска останува на својот став и покрај критиките од стручната фела.

„Универзалната сала е симбол на Скопје и споменик на културата, и за нејзино возобновување е потребно издржано и заедничко решение кое истовремено ќе биде и безбедно“, се истакнува во вчерашното соопштение од Град Скопје.

Уште кога Арсовска приреди скандал пред Универзална сала на крајот на минатата година, реагираа од Асоцијацијата на архитекти. Оттаму истакнаа дека политичарите не се стручни да ја оценуваат безбедноста на Универзална сала, туку дека тоа го прават инженерите.

Претседателот на Асоцијацијата на архитекти, Мишко Ралев за медиумите изјави дека единствено експертите по архитектура и градежништво се единствени коишто можат да изработат проект и да го евалуираат проектот, а во тоа да не се впуштаат политичарите. Зошто е важно политичарите да ги тргнат рацете од архитектурата, градежништвото и урбанизмот Ралев тогаш кажа:

„Затоа што сме сведоци на постојани аматерски евалуации на тоа што е добро а што е лошо. Ако веќе некој претходно се договорил односно решил да се реконструира тој објект независно дали е култно место, независно дали е потреба за културен објект на тој дел на Скопје или за целиот град, нема смисла заради нас граѓаните да се доведуваат во прашање претходните одлуки.“ – вели претседателот на Асоцијацијата на архитекти, Мишко Ралев.

Според него, за еден град од над 600 илјади жители не е доволно само една сала за филхармонија, или една сала за опера, туку се потребни низа други објекти од културата кадешто луѓето ќе имаат каде да отидат и да ги посетат тие културни настани, еден таков објект е Универзална сала која е потреба на граѓаните, а не луксуз.

Сепак, Арсовска продолжуваше да обвинува дека проектот не бил безбеден, а проектантот тврдеше дека тој е направен според сите стандарди и одобрен од ИЗИИС.

„Да ги плашите луѓето дека е небезбеден е крајно некоректно, објектот е во градба не може да се каже дека е небезбеден. Да не влегуваме во политиканство туку ние дојдовме да збориме за струката“, рече Искра Јанковска-Михајловска, која е претседателката на Собранието на Асоцијација на архитекти на Македонија.

Инаку, Универзалната сала е изградена во постземјотресно Скопје, со финансиска помош од повеќе држави меѓу кои Авганистан, Австралија, Аргентина, Боливија, Бразил, Ирак, Иран, Индонезија, Израел, Јемен, Сирија, Турција и многу други.

Овој објект е траен симбол на меѓународната човечка солидарноста на обновата на Скопје на 26 јули 1963 година. И покрај ваквите факти и посебниот белег кој скопјани го имаат за Универзалната сала, овој објект во моментов е се уште со соголена фасада, разурнат и одамна не е место за кое жителите на Скопје навикнаа да е домаќин на културни настани.

Данела Арсовска Универзална сала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.