Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата ќе ги спасува општините со 10 милиони евра во европски проекти

0
By Соња Крамарска on March 23, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По интензивниот период на подготовки и формално одобрување, денеска го имаме задоволството да го означиме почетокот на 19 нови проекти, сите финансирани од ИПА инструментот на Европската Унија, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски за време на конференцијата „ЕУ за  општините“.

– Осум нови проекти од Програмата „ЕУ за општините” и единаесет проекти од ИПА 2 Програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија. Проектите, секој со просечна вредност од над 600.000 евра се однесуваат на подобрување на условите за заштита на животната средина, зголемување на мобилноста, подобрување на социјалните услуги, воведување на е-услуги во општините. Ова е можност во секоја од општините Велес, Радовиш, Тетово, Аеродром, Скопје, Врапчиште, Охрид и Струмица, каде што ќе се имплементираат овие проекти, да се направи разлика во подобрувањето на локалните услуги од што најмногу корист треба да имаат граѓаните, рече Милевски.

„ЕУ за општините“ е нова програма преку која општините ќе добијат вкупно 5,5 милиони евра за финансирање на 8-те одобрени проекти. Кофинансирањето го обезбеди Министерството за локална самоуправа со поддршка и на Швајцарската агенција за развој и соработка, со што се создадоа услови за полесен пристап на општините до средствата од Европската Унија.

Исто така денеска ќе бидат потпишани и договорите за кофинансирање на 11 проекти за прекугранична соработка со Албанија од вториот и третиот повик. Вкупната вредност за двете држави е 10,7 милиони евра грант од Европската Унија. Половина од овие средства, преку проекти, ќе се реализираат во нашата држава. Националното кофинансирање од 15 отсто за нашите проекти го обезбедува Министерството за локална самоуправа.

– Проектите се партнерски и ќе ги имплементираат општини, установи, граѓански организации со цел подобрување на условите за живеење во Охрид, Битола, Могила, Демир Хисар, Маврово и Ростуше, Крушево, Ресен, Струга, Врапчиште и Боговиње, откри министерот Милевски.

 

 

Горан Милевски ИПА проекти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.