Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата на СДСМ повеќе се раздолжила отколку што се задолжила

0
By Нова ТВ on July 20, 2017 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ВМРО-ДПМНЕ не наведува дека задолжувањето од странските пазари, може, а не мора да се реализира, а второ, дел од задолжените пари ќе се префрлат во 2018 година, кога на 29 јануари државата мора да отплати 95 милиони евра за задолжување по основ на кредит

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ на 18.07.2017 испрати соопштенија/изјава во која тврди дека владејачката партија СДСМ ја презадолжува земјата уште во првиот месец од владеењето што го сметаме за невистина:

Уште во првиот месец откако дојдоа на власт ја задолжија државата со 60 милиони евра

Во ставката домашно задолжување владата на СДС планира наместо 17,8 милијарди денари да се задолжи за 20,7 милијарди денари. Тоа се нови 48,3 милиони евра долг кон домашните доверители.

Во ставката задолжување кон странство Владата на СДС планира наместо 12,3 милијарди денари, да ги задолжи граѓаните со 18,4 милијарди денари. Со ова планираат да не задолжат дополнителни 100 милиони евра повеќе кон странски доверители.

СДС ги лажеше граѓаните на Република Македонија. Ветуваа дека нема да се задолжуваат, а сега со ребалансот најавуваат дека за само 5 месеци ќе го зголемат планираното задолжување за речиси 150 милиони евра.

[Извор: ВМРО-ДПМНЕ, веб страна – датум: 18.07.2017]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Соопштението/изјава на ВМРО-ДПМНЕ се базира на полувистини и поради тоа е целосно невистинито тврдењето за поголемо задолжување од страна на СДСМ, како владејачка партија.

Имено, уште во правото тврдење, за тоа дека Владата не задолжила за 60 милиони евра за еден месец, се наѕира манипулацијата.

Според податоците од веб-страницата на Минстерството за финансии, се гледа дека кога Владата, т.е. Министерството се задолжуваше за тие 60 милиони евра, во истовреме се враќале доспеани обврски кон домашните и странските инвеститори во висина од околу 115 милиони евра. Преку 40 на домашните, а кон странските во целост е вратен долгот кон Дојче банка во висина од над 70 милиони евра. Тоа најдобро може да се види од Календарот на активности за Домашните хартии од вредност. Но, попластично, тоа го објасни и советникот во МФ, Бранимир Јовановиќ на својот ФБ профил неодамна:

Откако влеговме во Министерството, се задолживме 4 пати. На 6 јуни 8,1 милиони евра, на 20 јуни 5,6 милиони евра, на 27 јуни 19,5 милиони евра и на 4 јули 27,2 милиони евра. Вкупно, 60 милиони евра.

Но, се раздолживме исто така 4 пати – 8,1 милион евра на 7 јуни, 5,6 милиони евра на 21 јуни, 18,8 милиони евра на 25 јуни и 7,8 милиони евра на 5 јули. На 5 јули вративме и долг на Дојче Банк, од 75 милиони евра. Вкупно, вративме 115 милиони евра.

Значи, за овие месец дена, сме го намалиле долгот за вкупно 55 милиони евра. Или, 1,8 милиони евра дневно, 76.000 евра на саат, 21 евро во секунда.

За споредба, во претходните 11 години, долгот порасна за 3 милијарди евра, односно растеше 270 милиони евра годишно, 740000 евра дневно, 9 евра во секунда.

Да бидам искрен, не верувам дека долгот ќе паѓа цело време. Но, и не мора. Не ни треба штедење, ни треба одговорно трошење на јавните пари.

Јовановиќ, неодамна на барање на веб порталот НОВАТВ, образложи повеќе аспекти од ребалансот на Буџетот, меѓу што и задолжувањето:

Планот за оваа година е да се задолжуваме повеќе на домашниот пазар на капитал, кој во моментов нуди значајно пониски камати од меѓународниот пазар. Сепак, не ја исклучуваме можноста за задолжување и на меѓународниот пазар, ако е тоа по поволни услови, затоа што тоа значи влез на нов капитал во економијата.

Но, најдоброто објаснување за финансирање на приходите и расходите што ќе се алиментираат ги даде министерот Драган Тевдовски во обраќањето до пратениците кога го поднeсе ребалансот. Тука го потенцираме делот за задолжување на домашниот и на странските пазари:

…Финансирањето на буџетскиот дефицит и отплатата на долгот ќе се обезбеди преку задолжување на домашниот пазар на државни хартии од вредност, кредитни линии наменети за финансирање на одделни проекти како и од депозитот пренесени од минатата година.

Во рамки на буџетот е предвидена и можност за странското задолжување. Но, дали тоа ќе се реализира ќе зависи од движењето на каматните стапки на меѓународниот пазар на капитал и можноста на домашниот пазар на хартии од вредност целосно да одговори на потребите за финансирање….

Дел од средствата од домашното и можното странското задолжување ќе бидат искористени за финасирање на потребите во тековната 2017 година, а останатиот дел ќе биде префрлен како депозит за наредната 2018 година.

Средствата од депозитот ќе бидат искористени за отплата на првата рата од кредит за буџетско финансирање во износ од 95 милиони евра, склучен во 2013 година која доспева на 29 јануари 2018 година.

Како што може да се види задолжувањето од странските пазари, може, а не мора да се реализира, а второ, дел од задолжените пари ќе се префрлат во 2018 година, кога на 29 јануари државата мора да отплати 95 милиони евра за задолжување по основ на кредит.

Конечно и на страница 10 и 11 од Предлогот за Ребаланс на Буџетот за 2017 година јасно се наведени образложенијата. Едното се однесува на зголемување на кредитни средства преку повлекување на повеќе суми за изградба на водоводи и канализации од Европската инвестиоциона банка (стр. 10), а другото образложение се однесува на домашното задолжување, чиј дел ќе биде префрлен во идната година за исплата на споменатата рата од кредитот (стр.11).

Поради се погоре наведено, соопштението/изјава на ВМРО-ДПМНЕ го оценуваме како манипулирање со јавноста, односно невистина, без оглед што само ако се гледаат бројките, а не и контекстот и објаснувањата за раздолжувањата, некому може и да му изгледа така.

 

ИЗВОРИ:

  • (2017) ВМРО-ДПМНЕ, веб страница – Уште во првиот месец откако СДС дојде на власт ја задолжи државата со 60 милиони евра
  • (2017) Министерство за финансии – Календар на активности за ДХВ – [Проверено на 18.07.2017]
  • (2017) Бранимир Јовановиќ, советник во МФ – Фејсбук статус на негов профил – [Проверено на 18.07.2017]
  • (2017) НОВАТВ – Буџет: Средствата за здравство и социјални проекти ќе растат – [Проверено на 18.07.2017]
  • (2017)  Министерство за финансии – Обраќање на МФ Тевдовски за Ребаланс на Буџет 2017– [Проверено на 18.07.2017]
  • (2017) Министерство за финансии – Предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2017– [Проверено на 18.07.2017]

 

Оцени: Тео Блажевски

Сторија на Вистиномер.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.