Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата на СДСМ трет пат по ред ја покачува платата на работниците

0
By Mirjana on February 8, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Минималната плата од 18.000 денари стана реалност. Владата на СДСМ го реализираше ветувањето со кое на над 80.000 работници од разни индустрии мартовската плата ќе им биде најмалку 18.000 денари. По преговорите во Владата, синоќа премиерот Димитар Ковачевски истакна дека со ова покачување нето платата на овие работници порасна за 45 евра месечно.
-Со дефинирањето на минималната плата на висина од 18.000 денари, сума која е и двојно покачување од минималната плата од 2016 година, станавме предводници во Европа со висината на уделот во просечната плата. Очекуваме оваа мерка позитивно да влијае и на останатите плати во сите индустрии, со што ќе се подобри стандардот на сите граѓани – рече Ковачевски.
Со покачувањето на минималната плата, Северна Македонија се најде пред неколку земји во регионот. Во Косово минималната плата се движи од 8.000-10.475 денари, во Албанија минималната плата е 15.193 денари, во БиХ минималецот за работниците изнесува 17.106 денари, а во Србија е 17.925 денари. Во земјите од регионот кои се членки на ЕУ, минималата плата изнесува 20.720 денари во Бугарија и 30.695 денари во Хрватска. За неполни 5 години, владата на СДСМ успеа двојно да ја покачи минималната плата. Кога Социјалдемократите дојдоа на власт минималната плата во државата беше 9.590 денари, со ова најново покачување на минималната плата, Владата предводена од СДСМ трет пат по ред ја покачува платата на работникот. Освен покачувањето на минималната плата, Владата во време на здравствена и социо-економска криза направи уште неколку „интервенции“ во интерес на граѓаните. На нив синоќа потсети и премиерот.
-Не дозволивме радикалното поскапување на струјата на пазарот да падне на грбот на граѓаните. Денес 650.000 граѓани плаќаат речиси иста цена на струјата, а поскапувањето за 72% на струјата како обврска го презеде државата. Со тоа практично ги субвенционираме сметките на граѓаните во висина од 38 милиони евра. Најдовме решение и за кризата со парно греење во Скопје која исто така е последица на европската енергетска криза. Не дозволивме граѓаните да останат без затоплување и го преземавме управувањето со БЕГ. Сите овие решенија се во интерес на заштита на семејниот буџет на секое семејство, заштита на стандардот и влог во битка со економската криза – рече Ковачевски.
Со новото покачување, две минимални плати може да ја покријат вредноста на минималната синдикална кошничка и на граѓаните да им останат плус пари, а ова беше клучното барање и на Синдикатот.
18.000 Владата минимална плата ТРЕТ ПАТ ПО РЕД КЈА ПОКАЧУВА ПЛАТАТА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.