Published: Tuesday, December 23, 2025 16:54
На денешната 138. редовна седница, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за прогласување кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на државата.
Одлуката следи по предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи и стапува на сила во рок од седум дена од денот на донесувањето.
Причина за прогласувањето на кризна состојба е неможноста за набавка на мазут, кој е неопходен за производството на електрична енергија.
Владата информира дека задолжителните резерви на нафтен дериват ќе се отстапат без надоместок, а АД ЕСМ ќе има обврска да доставува извештај за трошењето на мазутот до Владата и до Министерството за финансии.




