Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата не комуницира со енергетската заедница за Макпетрол

0
By Нова ТВ on August 17, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата одбива да комуницира со Европската енергетска заедница за случајот со преземањето на Макпетрол. Иако помина речиси еден месец, нема одговор на писмото од 20-ти јуни, во кое од министерот за економија, се бараат објаснувања како надлежните институции во земјава ќе постапат во врска со намерата на Балкан Петролеум Холдинг Лимитед да ја преземе нафтената компанија, објавува Телма.

Потписникот на писмото, заменик директорот на Секретаријатот на Енергетската Заедница, Дирк Бушле, во разговор за Телма вели дека е загрижен од ваквиот однос на власта.   

– Направивме мало истражување и утврдивме дека околностите околу преземањето се релативно нетранспарентни и нејасни. Мислевме дека е најдобро да поставиме неколку прашања до Владата и да побараме објаснување. За жал, не добивме такво објаснување, вели Дирк Бушле, заменик директор на Секретаријатот на Енергетската заедница.

Бушле објаснува дека Енергетската заедница е силно заинтересирана за овој случај, со оглед на тоа што Макпетрол е важна компанија, не само за македонската економија туку и за енергетската безбедност на земјата и нејзината усогласеност со обврските кон оваа европска асоцијација.

– Макпетрол е важен играч на пазарот со гас и горива во Република Македонија. Тоа значи дека безбедноста на снабдувањето е потенцијално загрозена заради ваквото преземање, а сигурноста во снабдувањето е нешто за што Енергетската заедница мора да се грижи. Мора да знаеме од каде доаѓа таа компанија, што работи и кој стои зад таа „школка“ компанија. Се разбира, колку помалку знаеме за тоа, поголеми се сомнежите дека нешто се крие.

Бушле потенцира дека ова не е првпат македонската влада да не одговара на барањата на Енергетската заедница заради што веќе се започнати неколку постапки против земјава во министерскиот совет. За тоа може да следуваат политички и финансиски санкции. Истото би можело да се случи и доколку не се одговори на барањата од Виена за намерата за преземање на Макпетрол од Балкан Петролеум Холдинг Лимитед.

– Би сакале да разбереме што се случува во Македонија и потоа да дискутираме заедно со Владата за последиците и можните решенија. Но, ако на првото ниво од тој дијалог нема одговор од Владата, секако дека станува тешко да ја завршиме нашата работа. Тоа е навистина загрижувачки.

Во писмото, Енергетската заедница побара од Владата да објасни како евентуалнотo преземање би влијаело врз снабдувањето со гас и гориво и дали и како во процесот ќе бидат вклучени Регулаторната комисија за енергетика, Комисијата за заштита на конкуренцијата и Министерството за економија. Како особено важно е потенцирано дека наделжните треба да обезбедат информации за сопственичката структура на Балкан Петролеум Холдинг Лимитед.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.