Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата објави План за економски раст и за подобар животен стандард

0
By Нова ТВ on September 14, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 14, 2017 18:02

Премиерот Зоран Заев заедно со вицепремиерот  за економски прашања, Кочо Анѓушев на денешната прес конференција го презентираа планот за економски раст кој според нив ќе овозможи зголемување на конкурентноста во стопанството и подобар животен стандард на граѓаните.

– Владата на Република Македонија отпочнува процес што обезбедува подобар животен стандард за сите наши граѓани и услови за раст на економијата и бизнисот. План за економски раст, за квалитетен животен стандард на граѓаните, е називот на документот со којшто се обврзуваме да создадеме реални шанси за инвестиции, извоз и конкурентност на претпријатијата, со што ќе отвориме можност за повисоки плати и нови работни места во Република Македонија – истакна  премиерот Заев на почеток на своето обраќање.

– Во реализацијата на оваа нова стратегија за раст на економијата и за подобар стандард на граѓаните, свесни сме дека вложуваме пари на граѓаните. Тие се акционери во оваа иницијатива. Ним треба да им ги испорачаме резултатите! Резултатите ќе ги постигнеме доколку ги оствариме приоритетните цели на новата економска политика на Владата за индустриски развој на Република Македонија –  нагласи премиерот Заев.

Според Заев сите инвеститори се добредојдени.

– Со поддршката на инвестициите, на извозот и на малите и средни претпријатија, ја отвораме спиралата на покачувања на платите. Го направивме првиот чекор со зголемувањето на минималната плата и притоа значително внимание посветуваме на стабилноста на бизнисите паралелно во овој проект. Инсистираме на пораст на платите како еден од двигателите на економскиот раст. Со одредени, првични мерки ги намаливме трошоците на граѓаните, со што ја зголемуваме куповната моќ на граѓаните и го подобруваме животниот стандард – посочи премиерот.

Во однос на мерките за поддршка тој рече дека таа е распределна на три главни области, за нови „гринфилд“ и браунфилд“ инвестиции и за зголемување на конкурентноста, за поддршка на извозот и за поддршка на мали и средни претпријатија.

– Во фокусот на мерките за поддршка ги ставивме малите и средни претпријатија. Тие се двигатели на економијата. Максимално ќе ги помогнеме оние мали и средни претпријатија кои ќе влезат во инвестиции за подобрување на енергетската ефикасност, оние кои ќе ги патентираат своите производи, како и оние кои воведуваат информациони системи и поттикнуваат иновативност – соопшти премиерот.

Вицепремиерот за економски прашања, Анѓушев истакна дека станува збор за нацрт верзија на програмата за којашто во периодот што следи ќе биде отворена јавна дебата и расправа, за сите институции и заинтересирани економски субјекти во државата да учествуваат со препораки, критики и идеи во нејзиното финализирање.

– Оваа програма е максимално транспарентна и ориентирана кон резултатите. Ќе бидат поддржани оние компании и економски субјекти што ќе испорачаат резултати. По завршувањето на фискалната година и по предавањето на завршните сметки кон даночните институции ќе може да аплицираат за оваа програма само доколку прикажат раст во приходите и ненамалување на бројот на вработени – објасни вицепремиерот Анѓушев.

– Мерките се поделени во три групи. Првата група се мерки за поддршка на целата економија и тоа се мерки што ги опфаќаат сите економски субјекти. Втората група се мерки за извозно ориентираните компании, за дополнителна стимулација на нивниот извоз. Третата група на мерки се насочени кон малите и средните претпријатија –  рече вицепремиерот Анѓушев.

Поддршка ќе следува за новокреирани работни места доколку исплатената плата е за 50 отсто повисока од минималната плата. Десет отсто од нето од вредноста на платата ќе биде вратена кон инвеститорот. Моделот ќе биде пропорционален, колку е повисока исплатената плата, толку и поддршката ќе биде поголема.

За втората мерка, вицепремиерот Анѓушев рече дека води грижа за високоплатените кадри. Поддршката за компаниите кои ќе дадат плата повисока за два пати од просечната плата во Република Македонија, ќе бидат финансирани со 20 отсто од исплатената плата. Односно, на исплатена плата на висококвалификуван кадар од 45.000 денари, 9.000 денари ќе му бидат вратени на инвеститорот, при што овој износ пропорционално расте во зависнот од висината на платата.

Следната мерка за којашто зборуваше вицепремиерот, има за цел да ја зголеми соработката меѓу домашните компании и странските инвеститори, и рече дека за набавка на 10 отсто на материјални средства за работа од домашни фирми над просекот за последните три години, финансиската поддршка ќе изнесува 1 отсто од вредноста на набавката, а за секои дополнителни 10 отсто, финансиската поддршка ќе се зголемува за 2 отсто од вредноста на набавките.

Во однос на вториот столб на мерки за поддршка на извозот, вицепремиерот Анѓушев рече дека државата ќе обезбеди неповратна финансиска поддршка за фирмите коишто ќе остават годишен пораст на својот извоз за најмалку 5 отсто повеќе од просекот во последните 3 години. Финансиската поддршка ќе се однесува на покривање на 10 отсто од директните дополнителни трошоци за остварување на тој пораст. За пораст на извозот кон државите од Западен Балкан помошта се зголемува за 10 отсто, и нагласи дека помошта за оваа мерка не може да биде повисока од 3 отсто од зголемување на извозот. За освојување и откривање на нови странски пазари фирмите ќе добиваат финансиски средства за покривање на 20 отсто од трошоците.

Планот за раст на економијата создава пријателска средина за бизнис и за повисок стандард на граѓаните

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 14, 2026

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

ВЕСТИ June 14, 2026

И покрај сигналите дека САД и Иран се приближуваат до историски договор за ставање крај…

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.