Владата на денешната седница го разгледа Предлог-законот за престанување на важењето на Законот за поддршка на домашната музичка продукција, и донесе заклучок да го достави до Собранието на Република Македонија на натамошна постапка.
-За донесувањето на овој предлог-закон владата преовлада фактот што имплементацијата на законот во практика не ги даде очекуваните ефекти, при што се постави прашањето за оправданоста од ваквиот начин на финансирање со буџетски средства во вкупен износ од 317 680 000 денари, односно околу 5 милиони евра – пишува во владиното соопштение.
МРТ на 5 јануари годинава објави резултати од Конкурс според Законот за поддршка на домашната музичка продукција, а Министерството за култура на 11 јануари во соопштение до медиумите, информира дека со резултатите и одлуките на МРТ се создаваат дополнителни непредвидени финансиски импликации и долгови врз буџетот за култура.
На состанокот на претставниците на Министерството за култура и Македонската радио телевизија на 17 јануари, било констатирано дека Македонската радио телевизија, по спроведениот надзор и по насоките дадени од страна на Министерството за култура ќе пристапи кон поништување на одлуките за избор и одлуките за неизбор по основ на Вториот и Третиот квартал од 2017 година.
Продолжува журката со државни пари: 1 милион евра за песни и спотови

