Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продолжува журката со државни пари: 1 милион евра за песни и спотови

1
By Нова ТВ on January 11, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 11, 2018 13:37

Македонската радио телевизија со пари од буџетот на Министерството за култура ќе финансира нови 38 композиции како поддршка на домашната музичка продукција. Финансиски средства да снимаат песни и спотови добија пејачите Даријо Панковски, Александар Ристовски – Принц, Кристијан Габровски, Ѓорѓи Крстевски, Авни Аљији, Ристо Самарџиев, Али Бајрам и други.

Конкурсот беше објавен лани на 30 јуни, а одлуката од комисијата на МРТ е донесена на 5 јануари. Доделени се субвенции во повеќе категории, како на пример: „Забавна музика“, „Ѕвезди“, „Врвен изведувач“, „Истакнат изведувач“, „Таленти“..

Има и категорија за композиции „со кои се афирмираат семејните вредности во општеството или многудетни семејства“ и се избрани:  Кристијан Тасевски со песната „Родно семе да остане“, како и Денис Димовски со композицијата „Се враќам дома за Божиќ“.

Во категоријата композиции „со кои се афирмира историјата на Македонија“ е избрана Анета Василева со „Оваа земја убава горда“.

Пејачот Даријо конкурирал во категорија „Ѕвезди“ и добил пари за две песни. Секоја од песните чини по 4.500 евра, односно вкупно 9.000 евра.

 

Најголем дел од композициите ќе ги изработуваат продукциите „Луна парк“ и „Фабрика“, сопственост на Марјан Огненовски.

Во 2016 година, на пример, пејачот Симеон Иванов – Канго, доби 9.000 евра владини субвенции за две композиции, а една од нив беше песната „Аманет“.

Целата листа на избрани композиции

Министерството за култура ќе ги „секне“ парите за овој проект

Министерството за култура пред два месеца најави дека ќе го укине овој Закон за поддршка на домашната музичка продукција, со образложение дека „во практика не ги даде очекуваните ефекти, пред сѐ, од причина што иако за избраните композиции се продуцираа аудио- и видеозаписи, тие или не беа воопшто емитувани или беа емитувани во мал обем на радијата и на телевизиите“.

Предлог законот за укинување на овие субвенции во моментов е во владина процедура.

Според овој Закон композициите во: категоријата „таленти“, „афирмиран изведувач“,„истакнат изведувач“,„врвен изведувач“,„композиции со кои се афирмираат семејните вредности во општеството или многудетните семејства“ и „композиции со кои се афирмира историјата на Македонија“ добиваат по 3000 евра, од кои 1500 евра се за создавање и изработка на аудиозапис, а 1500 евра се за снимање на спот.

Повеќе пари им се исплаќа на пејачите кои се во категоријата „ѕвезди“, односно нивната композиција добива вкупно 4500 евра.

Законот е донесен во 2013 година, а се применува од 1 јануари 2014 година до 31 декември 2023 година.

За спроведувањето на Законот на годишно ниво се обезбедуваат 516.000 евра. Досега за оваа намена од државниот буџет се предвидени 2 милиони евра, од кои се искористени 890.000 евра.

„Со оглед на тоа што аудио- и видеозаписите за композициите не беа во доволен обем достапни за пошироката јавност, се поставува прашањето за оправданоста од ваквиот начин на финансирање на создавањето на нови композиции од областа на забавната и на народната музика со средства од Буџетот на Република Македонија“, пишува во образложенито на Министерството за култура зошто треба да се укинат овие субвенции.

Досега на вкупно девет конкурси (4 конкурси во 2014 година, 4 конкурси во 2015 година и 1 конкурс во 2016 година) се избрани вкупно 321 композиција, за кои преку Министерството за култура се доделени средства во износ од 54 734 804 денари (890.000 евра) .

 

Даријо министерство за култура МРТ песни субвенции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.