Владата денеска донесе одлука да се изврши продажба на патничкото моторно возило Мерцедес Бенц С600 преку електронскиот систем за јавно наддавање со кој управува и оперира Министерството за финансии.

-Почетната проценета вредност на овој автомобил, согласно проценката на  Бирото за судски вештачења, изнесува 14.372.208,00 денари, односно 230.000 евра – пишува во владиното соопштение.

Јавното наддавање ќе се изврши електронски на интернет страницата www.e-aukcii.finance.gov.mk