Весникот „Дневник“ објави дека нивни извори во владата брифирираат дека на косовските државјани им се заканува визен режим со земјава. „Дневник“ нема детали околу оваа информација, освен дека дознаваат за ваквиот план кој треба да претставува одговор на косовоското ембарго за македонски производи.
Во секој момент во Приштина треба да се сретнат македонскиот министе за економија Ваљон Сарачини и косовската колешка Мимоза Кусари кои треба да разговараат за изнаоѓање решение за проблемот кој буквално се претвори во трговска војна помеѓу двете држави.
Македонија најпрво забрани увоз на брашно и пченица од сите држави, вклучувајќи го и Косово. Косово возврати со контра-мерка и пред три дена воведе ембарго на житни производи, конзервирани и други производи. Потоа Македонија одговори на оваа мерка со друга мерка – започна наплата на такса на косовските државјани на влезот во земјава. Ни Косовците не останаа „покусо“, па од ноќеска воведоа целосно ембарго на сите македонски производи.
Според косовоската статистика, до септември годинава македонскиот извоз на Косово изнесувал 160 милиони евра, а косовскиот во Македонија 17 милиони евра.




