Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата реши да ги скрати енормните трошоци за наплата на долгови

0
By Нова ТВ on September 25, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 25, 2018 18:14

Владата на Република Македонија денеска најави дека ги започнува реформите во делот на намалување на трошоците за извршување.

По завршувањето на редовната седница премиерот Зоран Заев на прес конференција рече дека причина за најавените реформи е што до сега владееле „одредени практики што оделе на товар на граѓаните. Сега, рече Заев, трошоците мора да бидат намалени и разумни.

Реформата предвидува измена на Законот за извршување и на Законот за нотаријат. Главната цел е намалување на трошоците во постапките пред нотарите и извршителите за наплата на долгови за комуналии и мали кредити.

16 извршителски трошоци се бришат од тарифата за наплата на долговите

Со новиот-предлог закон се бришат шеснаесет видови трошоци кои што граѓаните сега ги плаќаат во постапката за наплата на долговите пред извршителите а трошоците кои и понатаму ќе мора да се плаќаат се намалени за 50 отсто и повеќе.

„На пример налогот за извршување на трансакциска сметка за граѓаните кој сега чини 1200 денари со новиот Тарифник ќе биде 60 денари за долгови до 61.000 денари и ќе се движи до 360 денари за најголемите долгови. Наградите на извршителите исто така се намалуваат со тоа што се става ограничување дека при извршување на платни налози за комунални трошоци наградата на извршителот нема да може да биде поголема од 20 отсто од висината на главниот долг“, објасни Заев.

Министерката Дескоска презентираше симулации кои покажуваат дека за сметка од 3.000 денари за вода, смет и одржување на заеднички простории досега се плаќаше награда од 300 денари, судска такса од 120 денари, адвокатски трошоци до 2.600 денари, материјални трошоци од 250 денари и клаузула за правосилност и извршност од 220 денари. Ако претходно вкупните трошоци кај извршител чинеле 5.230 сега ќе бидат 660 денари, а ако има потреба да се објави во весник, ако должникот е недостапен тогаш трошоците ќе достигнат до 1.660 денари.

„Намалувањето на тарифите е корегирано за сите граѓани. Но најголемо намалување има кај сиромашните граѓани. Кога зборуваме за сиромашни граѓани зборуваме за видот на долгот и висината на долгот. Оние долгови кои што се однесуваат за комунални трошоци се долгови од луѓе кои не можат да се ги намират секојдневните обврски и за луѓе кои имаат мали долгови кои што достигнуваат 1000 евра како што се позајмици од банки, кредити“, кажа Дескоска.

Законот ќе важи ретроактивно бидејќи е во полза на граѓаните, вели Дескоска и ќе важи за сите оние граѓани кај кои постапките за наплата на долговите е веќе започната но не и за оние кои веќе платиле дел или целосно го исплатиле долгот.

Нема веќе нотарски трошоци за комуналии, нотарите изненадени од владината одлука

Според пресметките на министерството за правда ако до сега трошоците пред нотар изнесувале 3.490 денари сега ќе бидат 550 денари за сметка од 3.000 денари, што значи дека граѓаните ќе ги плаќаат само трошоците за награда и материјалните трошоци. За сметка од 11.000 денари за струја и парно кај нотар наместо 5.770 денари сега ќе се плаќа 750 денари.

„Граѓаните ќе бидат ослободени од судските такси и од трошоците за клаузулата за надомест за правосилност и извршност. Нотарската награда ќе биде 10 отсто од главниот долг но не повеќе од 500 денари. Така на пример, со предложените измени во Законот за нотаријат, ако долгот е 1000 денари надоместокот за нотарот ќе биде 100 денари. Ако долгот пак биде 10.000 денари тогаш надоместокот нема да биде илјада денари туку ќе биде максимални 500 денари“, објасни премиерот Заев.

Од Нотарската комора на Македонија се изненадени од ваквата владина одлука.

„Не сме консултирани за ваквата владина мерка ниту ги знаеме измените што се предлагаат. Очекуваме да ги добиеме за да може да ги разгледаме. Треба да се направи математичка симулација. Но ако тие измени важат за социјално ранливи категории на граѓани ние истите ќе ги поддржиме.  Нотарите вршат јавни овластувања па затоа ние мора да ги почитуваме владините решенија“, вели за НОВА ТВ, Васил Кузманоски, претседател на нотарската комора.

Премиерот Заев пак рече дека реформата е направена по претходна консултација со луѓе од различни професии, со должниците и со доверителите.

Нема веќе адвокатски трошоци за долг помал од 10.000 евра

Законот за извршување и Законот за нотаријат ќе претрпат промени и во делот на обврската за ангажирање на адвокат.

Исто така за сметки за вода, смет, телефон и одржување на заеднички простории во висина до 6000 денари граѓаните нема да плаќаат за услугите на адвокатите кои што во сегашниот закон мора да бидат вклучени во постапката за наплата на долгот.  потребно учество на адвокати во постапката за наплата. Адвокат нема да биде потребен и при наплата на долг за сметки за струја и парно до 15.000 денари. Со тоа се исклучуваат адвокатските трошоци за ваквите видови долгови, објасни премиерот Заев.

Што се однесува до интервенција на законот за ангажирање на адвокат за наплата на долгови над 10.000 евра, министерката Дескоска кажа дека и во тој дел на законот ќе има реформи но не сега.

„Сега се затвора пакетот за намалување на трошоците на граѓаните. Делот за меѓусебните односи помеѓу нотарите и адвокатите е оставен за втората фаза од реформите кога ќе се прават целосни измени на законот“, појасни Дескоска.

Заев најави дека реформите за изнаоѓање на решенија за наплата на долговите ќе продолжат. Тој потсети дека заедно со опозицијата го предложија Законот за отпис на каматите на долговите и дека Владата работи на нов Закон за бришење на долговите.

„Народната банка на Македонија и министерството за финансии работат и на прашањето како да се среди прашањето со трошоците за одблокирање на сметките во банките. Верувам дека ќе најдат начин како да го направат тоа“, изјави Заев.

Ниту една канцеларија нема да биде затворена, одговорност на извршителите и нотарите се бара на суд

Со укинувањето или со намалувањето на трошоците на граѓаните при наплата на долг ниту една извршителска или нотарска канцеларија нема да биде затворена, уверува премиерот Заев прашан дали намалувањето на приходите на извршителите и нотарите ќе ја загрози нивната работа со оглед на законските стандарди што се поставени за нивната работа.

„Сметаме дека и со вака предложениот Тарифник канцелариите ќе можат непречено да работат. Секако доколку има проблем и потреба јас сум подготвена за разговор“, вели Дескоска.

Прашана дали министерството за правда ќе направи ревизија на работењето на извршителите и нотарите и дали ќе се бара евентуална кривична одговорност таа одговори дека ревизија на нивната работата може да се прави само пред судови а министерството може само да покренува иницијативи за покренување на дисциплински постапки.

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.