Добив функција од Владата за да преживеам, пишува командант Хоџа по информацијата, дека е назначен за советник за безбедност на премиерот Зоран Заев – пренесе „Телма“.
Како што објави Независен весник, Џезаир Шакири, познат како командант Хоџа од конфликтот во 2001 година, на Фејсбук напиша, дека со Зоран Заев имал договор, да го ослободи Танушевци, а за возврат да добие функција, близу до премиерот, како гаранција за неговата безбедност.
„Ниту сум избран за премиер, ниту за прв парламентарец. Едноставно, се работи за функција за да преживеам. Секакви луѓе има во Владата, избрани на разни функции, а вие реагирате за мене. Фактички, Заев направи математика да ме приближи до себе, и да нема никакви проблеми. Не сум направил договор со Заев за гласови, и очекувам овој договор премиерот да го испочитува“, напиша командант Хоџа.
Од Владата се уште нема потврда, дали Шакири е назначен за советник на премиерот.
„Службите во Влада не работат за време на викенд и не можам да ви дадам прецизна информација. Дали и на која функција е ангажиран Џезаир Шакири Хоџа ќе соопштиме утре“, одговорил Миле Бошњаковски, портпарол на Влада за „Макфакс“.