Ново ненајавено задолжување реализираше македонската Влада. Преку продажба на едногодишни обврзници владата позајми речиси 21 милион евра. Ова задолжување не беше предвидено во календарот за аукции на државни хартии од вредност на Министерство за финансии.
Позајмувањето од домашните кредитори, се случува во момент кога треба на започне раздолжувањето на Владата, која треба да врати 45 милиони евра. Заклучно со декември, вкупниот јавен долг на Македонија изнесува 3,9 милијарди евра или 45,8 проценти од бруто домашниот производ.