Владата со соопштение до јавност енергично да ги демантираме сите манипулации, конструкции и лажни обвинувањата за некакво наводно корумпирање на медиумите кои денес на прес конференција ги изнесе портпаролот на СДСМ Петар Шилегов.
>>СДСМ: Во 2013 на сметката на Сител легнале 1 милион евра
Владата на Република Македонија во рамките на редовното и тековно работење реализира активности за информирање на граѓаните за определени проекти кои се реализираат, за
определени права и можности кои ги воведуваме за граѓаните преку проектите и за промоција на вредности кои се од интерес на граѓаните, соопштуваат од таму.
Тие активности за информирање на граѓаните преку медиумите се реализираат преку сите национални и локални медиуми, односно покрај на ТВ Сител, се реализираат и на ТВ
Телма, ТВ Канал 5, ТВ Алсат, Тв Алфа и други национални и локални телевизии.
Сите активности за информирање на граѓаните за проектите, за правата, за можностите и за вредностите се реализираат согласно закон и склучените договори каде што детално се уредуваат предметот на договор и правата и обврските на двете страни кои ги склучуваат договорите.
Во владиното соопштение се истакнува:
Прво, средствата за исплата на обврските по однос на тие активности за информирање на граѓаните преку медиумите, а за кои говори г-дин Шилегов, се средства за исплата на обврски не за седум дена како што лажно тврди Шилегов туку за обврски кои се настанати во период од скоро година и половина дена.
Второ, тие средства се исплатени за обврски кои се настанати за реализација на информативни активности преку медиумите кои се однесуваат исклучиво на владини проекти, на права и можности кои се воспоставуваат за граѓаните и за промоција на вредности во општеството, и само за тоа, а не за нешто друго како што лажно измислува и обвинува Шилегов.
Трето, покрај на ТВ Сител истите овие активности за информирање на граѓаните за владините проекти, правата и можностите за граѓаните и промоција на вредностите во општеството, се реализираат во истиот период и на ТВ Телма, ТВ Канал 5, ТВ Алфа и ТВ Алсат, врз основа на склучени договори со нив со кои се согласиле страните потписнички.
Четврто, во периодот кога се извршени овие исплати кон ТВ Сител по основ на заостанати обврски за реализација на активности за информирање на граѓаните и врз основа на склучени договори, извршени се и исплати и кон ТВ Телма, ТВ Канал 5, ТВ Алфа и ТВ Алсат, стои во соопштението до јавноста од Владата на РМ.




