Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата утврди текст на Дополнет Предлог Буџет 2024 година

0
By Ана Василевска on December 18, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата на денешната седница утврди текст на Дополнетиот предлог Буџет на Република Северна Македонија за 2024 година.

Како што соопшти владината прес-служба, Дополнетиот Предлог Буџет, предложен од Министерството за финансии, претставува нов интегрален текст, во којшто Владата, на предлог на Министерството за финансии, ги вгради прифатените амандмани, по расправите во надлежните комисии во Собранието на Република Северна Македонија, а се направени и потребни измени и дополнувања на првично утврдениот Предлог Буџет.

Клучните елементи на Дополнетиот Предлог Буџет за 2024 година се редизајнирање на буџетската политика и фискална консолидација.

Утврдениот Дополнет Предлог Буџет на Република Северна Македонија за 2024 година, Владата го испраќа на усвојување во Собранието.

Предлог-буџетот за следната година тежи 5,5 милијарди евра. Вкупните приходи во 2024 година се планирани на ниво од 310,1 милијарди денари и истите се за 10 отсто повисоки во однос на 2023 година, додека расходите се планирани на ниво од 343,6 милијарди денари или за околу 5,8 проценти повисоки во однос на 2023 година.  Вкупните расходи се планирани на ниво од 343,6 милијарди денари или се за 5,8 отсто повисоки во однос на 2023 година. За плати проектирани се 41,2 милијарди денари, за стоки и услуги планирани е износ од 25,3 милијарди денари, за тековни трансфери и субвенции 215,3 милијарди денари. За социјални трансфери проектирани се 161,1 милијарди денари, од кои за исплата на пензии 83,6 милијарди денари, за надоместоци за социјална заштита на најранливите слоеви на населението околу 13,2 милијарди денари. Растот на економијата е проектиран на ниво од 3,4 отсто, а инфлацијата на ниво до 3,6 отсто. 

буџет Влада
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.