Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата во Скопје ја фаворизира МПЦ-ОА

0
By Нова ТВ on May 21, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонската влада генерално ги почитува верските слободи и нема значителни промени во таа сфера во изминатата година, се вели во делот за Македонија во годишниот извештај на Стејт департментот за состојбата со почитувањето на верските слободи во светот.

Припадници од некои религиозни групи подвлекуваат дека владата во Скопје ја фаворизира Македонската православна црква – Охридската Архиепископија.

Законот за верски заедници во Македонија бара верските групи да се регистрираат, но некои групи тврдат дека владата го имплементира законот неконзистентно.

Во извештајот се посочува дека од време на време, етничката напнатост влијаела на ограничување на верските слободи. Бекташката заедница јавила за заплашувања и повремени закани од поединци кои различно го толкувале Исламот.

Иако нема официјална религија во земјата, уставен амандман од 2001-ва набројуба пет религиозни групи: Македонската православна црква, Исламската заедница на Македонија, Римокатоличката црква, Еврејската заедница и Евенгелистичко-методистичката црква. Понатамошни промени во законот им овозможуваат и на други религиозни групи да се регистрираат и да стекнат таков статус.

Законот во Македонија не дозволува приватни религиозни основни училишта, но дозволува приватни религиозни училишта во средното образование и повисоко и религиозна настава во верски објекти како цркви и џамии.

Извештајот вели дека немало пријави за злоупотреба на верската слобода.

Бидејќи религиозниот идентитет често е во корелација со етничкиот идентитет, тешко било да се категоризираат инцидентите како мотивирани од верска нетолеранција. Имало изолирани акти на вандализам на гробишта и верски места, но не со фрекфенција како во изминатите години, вели годишниот извештај на американскиот Стејт департмент.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.