Владата во наредните три години планира да се задолжи за 1,7 милијарди евра,а во исто време треба да врати долг од близу една милијарда евра, покажува најновата фискална стратегија на Министерството за финансии. Со тоа, јавниот долг на земјата до 2019 година ќе достигне 56 проценти од БДП.
Владата од домашните и странските пазари планира да позајми сума 1,7 милијарди евра, при што поголемиот дел, односно 876 милиони евра ќе ги позајми од домашниот пазар, а останатиот од странските пазари.
Со сите овие податоци, Министерството за финансии во фискалната стартегија пресметало дека јавниот долг до 2019 година година ќе изнесува 56 проценти од БДП.