Извори блиски до Владиката Кирил, за НОВА велат дека здравствената состојба не му се влошила и не е точно дека бил на носила префрлен во болница, туку се работело за рутинска контрола на здравјето на владиката.
Неговата здравствена состојба е добра, велат изворите .
Митрополит кумановско- полошки г. Кирил е најстар член на Светиот Синод на МПЦ – ОА, се замонашил во 1964 во манастирот Света Причеста во Кичево, а од 1967 е хиротонисан со епископски чин. Роден е во 1934 година во Царев двор, преспанско.