Австралиската полиција за „Мета“ потврди дека минатата недела во Мелбурн го уапсила и го испрашала надлежниот митрополит на Австралиско-новозеландската епархија, владиката Петар, во рамки на истрага за кражба и за лажно сведочење.

– Полицијата во Викторија уапси и испраша 70-годишен човек од Каролајн Спрингс, во рамки на истрагата за кражба и за лажно сведочење. Тој е ослободен и се чека продолжување на истрагата, соопшти полицијата во Викторија, одговарајќи на прашањето на „Мета“ дали владиката Петар бил уапсен и по која основа.

Владиката Петар минатата недела демантираше дека полицијата во Мелбурн го уапсила, велејќи дека бил на сослушување по претходно добиена покана. Тој истакна дека веста за неговото апсење е лага и конструкција зад која стојат струмичкиот владика Наум и игуменот Гаврил, против кој се води црковно-­канонска судска постапка за расчинување.