На вчерашната седница на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), епископот Велички г. Никола е избран за нов митрополит Австралиско-новозеландски.
Во соопштението Синодот појаснува дека одлуката следува по иницијатива токму од досегашниот администратор.
Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на својата редовна седница во полн состав, одржана на 19. март 2026 година, го разгледа предлогот на митрополитот г. Петар за негово разрешување од должноста администратор на Австралиско-новозеландската епархија и назначување нов епархиски архијереј, соопшти САС.
Новоизбраниот митрополит г. Никола е роден во Скопје во 1974 година и неговата биографија комбинира академска сериозност и црковно искуство. Дипломирал компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, а дополнително се усовршувал на Карловиот универзитет во Прага, каде што се занимавал со византологија и средновековна литература




