НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владините кредитни полувистини

0
By Zoran Ivanov on June 18, 2025 ОПШТЕСТВО, ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ако беа малку попаметни и пострпливи, ако се обратеа најпрво кај JASPERS, па кај Европаската Инвестициска Банка (ЕИБ), не само што немаше да треба да платиме 338 милиони евра премија за гаранција, ниту провизии за уредување/поддршка и адвокатски услуги од 10 милиони евра, туку и каматната стапка ќе изнесуваше само 1,5%…2%, а како шлаг на тортата, од ЕИБ ќе можевме да добиеме и грант до 50% од заемот (вообичаено даваат 35%) како земја-кандидатка за членство во ЕУ.

 Дејан Трајковски

Од Владата повторно кажуваат полувистини, Поточно кажано, не лажат, ама не ја кажуваат целата приказна. Имено, министерката за финансии изјави дека Македонија ќе се задолжела кај комерцијалните банки, а британската агенција за поддршка на извозот UKEF ќе гарантирала за заемот кај банките, во случај Македонија да не може да го отплатува.

Ова е точниот дел од приказната, впрочем истото го направила и Србија за заемот за нивните автопатишта што ги градат Бехтел и Енка. Но, тоа не значи дека кредитот ќе биде поевтин отколку кредитот земен директно од UKEF, туку напротив. https://www.gov.uk/guidance/buyer-credit-facility

Доаѓаме до премолченото, односно каква е цената за таа гаранција од UKEF. Со мало истражување доаѓаме до следните заклучоци.

– UKEF работел со HSBC, BNP Paribas, Société Générale, Deutsche Bank, JPMorgan, ING, UniCredit и други банки.

– Кога UKEF гарантира заем, тоа е обично во форма на Export Credit Guarantee (ECG). За својата гаранција УКЕФ најпрво наплатува „премија за гаранција“ (guarantee premium), на целиот износ на заемот. Оваа премија за гаранција изнесува точно колку „премијата за ризик“, односно „indicative sovereign premium rate“, што за Македонија изнесува 17,82% и што UKEF ја наплатува ако се тие самите заемодавачи. Еве го онлајн калкулаторот за indicative sovereign premium rate: https://www.gov.uk/…/calculate-an-indicative-sovereign…

Во нашиот случај, на 1900 милиони евра главнина, „премијата за гаранција“ би изнесувала 338,6 милиони евра. Гаранцијата изнесува до 80% од вредноста на заемот, но најмалку 30% од опремата и услугите мораат да бидат купени од Велика Британија, која е позната по многу високите цени.

-Каматната стапка кај банките може да биде фиксна (исто колку кај UKEF, а минимум колку референтните CIRR стапки на OECD) или променлива (EURIBOR + 1,5%…2%). Најновите стапки, од 15 јуни до 15 јули 2025 година, се повисоки отколку во јуни (значи не се остварија надежите на Николоски дека ќе опаднат под 3,5%) и изнесуваат 3,67% на евра и 5,60% на британски фунти. https://www.oecd.org/…/financing-terms-and…/cirrs.pdf Но, во пракса банките наплатуваат малку повисоки камати од минималните на OECD и UKEF. Засега не знаеме колку ќе и побараат на Македонија.

Бидејќи Македонија сака да се задолжи на најдолгиот можен рок од 22 години (толку е барем кај UKEF), на овие стапки има и додаток, што се добива од кривите на приносот (yield curve) на ECB и BoE: 0,40% за евра и 0,66% за британски фунти.

Можен е и поинаков аранжман, односно првите 10 години да бидат со фиксна каматна стапка, а потоа со променлива.

Дотука трошоците се исти како при директно позајмување од UKEF.

– При позајмување од друга банка се наплатува уште и „провизија за уредување на заемот“ или „провизија за поддршка на заемот“ (arrangement fee или support fee) од 0,25% до 1,5%. Очекувано е да платиме барем 0,5% на заем од 1900 мил. евра, односно екстра 9,5 милиони евра, но ако биде 1,5% тогаш би платиле екстра 28,5 милиони евра.

Еве пример на договор за гаранција од UKEF, каков што ќе мора да потпише Македонија, каде што се споменува support fee:

https://assets.publishing.service.gov.uk/…/Standard…

– Административни и правни трошоци (за адвокатите). При позајмување од банка со UKEF како гарант, овие трошоци изнесуваат околу 500.000 евра, поради комплексноста и висината на заемот. Да се потсетиме, при потпишувањето на договорот со Бехтел и Енка на 4 адвокати им плативме милиони евра, за да напишат во договорот дека Македонија не смее да открива детали од договорот.

Да заклучиме, поради вклучување на трета страна (банка), заемот за Македонија ќе биде поскап за уште околу 10 милиони евра. Ефективната каматна стапка, земајќи ја предвид премијата за гаранција, како и каматната стапка на делот (30%) од заемот во британски фунти, достигнува 7,02%.

Ако беа малку попаметни и пострпливи, ако се обратеа најпрво кај JASPERS, па кај Европаската Инвестициска Банка (ЕИБ), не само што немаше да треба да платиме 338 милиони евра премија за гаранција, ниту провизии за уредување/поддршка и адвокатски услуги од 10 милиони евра, туку и каматната стапка ќе изнесуваше само 1,5%…2%, а како шлаг на тортата, од ЕИБ ќе можевме да добиеме и грант до 50% од заемот (вообичаено даваат 35%) како земја-кандидатка за членство во ЕУ.

Можно е да пробале кај JASPERS, ама откако таму виделе дека проектот за брзата пруга не е исплатлив, а нашата кредитоспосбност е многу слаба, од тоа да не испаднало ништо. Можеби и не пробале, па во брзањето отишле кај UKEF. Затоа сега ќе нé задолжат под зеленашки услови за проект што ќе ни донесе 3,3 милијарди евра загуба и што никогаш нема да можеме да го отплатиме без нов кредит.

Патем, JASPERS можеше да ни покрие 100% трошоци за изведбениот проект (околу 60 милиони евра) и ќе ја знаевме точната цена на проектот, наместо вака да зависиме од изведувачот и за цената, што тие ќе ја определат (најмалку за 30% повисока од реалната, според „жолтата книга“ на FIDIC).

Претходните штеточини, што ни го натоварија долгот за автопатиштата на Бехтел и Енка, сега ги заменивме со други, што ќе ни направат речиси уште двојно поголем долг. Единствено ни преостанува да се помолиме, Господ да им даде ум, па додека сé уште има време да се откажат од оваа налудничава и максимално штетна инвестиција.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

Влада кредити полувистини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.