Македонскиот институт за медиуми (МИМ) пред специјалниот претставик на ОБСЕ за медиуми, Дуња Мијатовиќ го образложи проблемот кој владините реклами го создаваат на медиумскиот пазар.
Укажавме на проблемот со нефункционирањето на пазарот на медиуми од аспект на тоа што Владата е најголем огласувач, состојба која трае подолго време и не се менува, туку напротив се влошува и ја доведува во прашање одржливоста на тие малку медиуми што останаа и критички и професионално ја опсервираат работата на власта“, изјави Билјана Петковска од МИМ по средбата со Дуња Мијатовиќ.
Вчера и денска Мијатовиќ се сретна со претсавивници на новинарски здруженија како и со претсавници на владините тела. Попладнево Мијатовиќ ќе има средба и со премиерот Груевски.
Резултатите од оваа дводневна посета на Скопје, Мијатовиќ ќе ги презетира утре на прес конференција.




