Рано утрово изби пожар на нуклеарната руска воена подморница Томск во ремонтното бродоградилиште „Ѕвезда“ во градот Баљшој Камењ кај Владивосток, јавува РИА.
Како што јавува агенцијата пожарот избил при заварување на цистерна.
Се запалила гумата со која била обложена цестерната, рекаторот не бил во опасност, а пред почетокот на ремонтот од подморницата било отстрането целото наоружување.
Во пожарот никој не настрадал.