Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Влакна“ со премиера на „Браќа Манаки“

0
By Нова ТВ on July 17, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заврши снимањето на краткометражниот филм „Влакна“. Ќе се прикажува во рамките на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки.

Со сцените направени во битолската чаршија, на повеќе локации во Скопје, Скопска Црна Гора, и во Битола, заврши снимањето на краткометражниот филм, работен според сценарио и во режија на Елеонора Венинова, а во продукција на Partes Social Advertising.

За централен дел на сценариото се неколку активности кои за цел ја имаат промоцијата на активизмот во креативните индустрии. Продуцентот Небојша Илијевски вели дека она што следи на овој план, е работилница за ангажиран филм која ќе се одржи исто така во рамки на претстојното издание на „Браќа Манаки“.

– За време на снимањето, седум млади луѓе, кои се нашата идна филмска сила добија сериозен коучинг од своите поискусни колеги. Концептот на продукцијата на овој филм е тоа што покрај одличен филмски производ, да понудиме и можност на надежните идни филмски дејци да го надоградат својот талент со директното искуство во продукција на филмот, за кое сметаме дека е незаменлив дел од сопствената надоградба на секој режисер, сценограф, костимограф и било кој филмски работник – вели тој.

Трифун Ситниковски, млад филмаџија, асистент на режија и скриптер, објаснува дека би сакал и самиот да направи слично дело кое освен што ќе ја истакне креативноста, ќе им даде и можност на младите ентузијасти да учествуваат во професионален филмски процес.

– Освен тоа што се запознав и соработував со фантастични и многу талентирани луѓе, секој ден имаше нешто што можев да го научам од нив. Од секој сектор, од секоја област на снимањето на филмот, добив практично знаење што знам дека ќе ми користи во иднина и многу ќе ми помогне во донесувањето на важни режисерски решенија – вели Ситниковски.

Режисерката и сценаристка Елеонора Венинова рече дека снимањето се одвивало според планот и секој ден екипата го завршувала зацртаното.

„Една од причините е што се создаде одлична атмосфера во тимот и членовите на екипата се зближија и функционираа како вистински тим. Младите луѓе кои беа дел од тимот одлично се вклопија во работата, постојано се интересираа за работниот процес и за тоа како подобро да ги завршат нивните задачи, а поискусните членови секогаш беа на располагање за помош. Секако, имавме ситуации кога се правеа грешки и пропусти, но тие се исправаа со ентузијазмот на сите членови на екипата и волјата да се излезе надвор од рамката на сопствените одговорности, така што до крајот на снимањето „работата на филмот“ стана „работа на нашиот филм“, објаснува Венинова додавајќи дека планираат да го промовираат „Влакна“ и на фестивали во странство.

Главните улоги ги толкуваат македонската актерка Ирена Ристиќ и српскиот актер Бојан Жировиќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.