НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Власта бега од расправа за загрозениот статус на Охрид во УНЕСКО

0
By Нова ТВ on September 28, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Повеќе од очигледно стана дека ВМРО ДПМНЕ бега од надзорна расправа со цел нивните функционери да не одговараат на поставените прашања. Тие сакаат да избегаат од одговорноста за тоа што поради нестручно, несовесно и неодговорно однесување на надлежните државни институции, Охрид е на чекор до губење на статусот на заштитено подрачје од УНЕСКО, изјави пратеникот од СДСМ Томислав Тунтев.

– На последната седница на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, што се одржа во јули оваа година, за прв пат во официјален документ на светската организација е ставена забелешка со која охридскиот регион се соочува со опасност да биде впишан во листата на загрозени подрачја.

Опозицијата ќе ги искористи сите законски и деловнички права и можности за организирање на надзорната расправа во Собранието.

Недозволиво е неодговорната и криминална власт и понатаму да си игра со нашето природно и културно наследство. Надлежните институции веднаш треба да ги стопираат и преиспитаат сите градежни проекти во националниот парк Галичица, кои ќе ги доведат во опасност природните реткости. Во забелешките од УНЕСКО се вели дека таквите проекти имаат значителни потенцијални негативни влијанија и претставуваат потенцијална опасност за исклучителната универзална вредност на природното наследство. Македонија има рок до 1 февруари 2017 год. да ги имплементира препораките и да ги отстрани забелешките дадени од Комитетот на УНЕСКО.

За оваа криминална власт интересни се само проектите кои носат дебели провизии, рече Тунтев на прес конференцијата.

vmro-sediste-mk

Од ВМРО ДПМНЕ реагираа дека „СДСМ и Томислав Тунтев денес повторно ја излажаа македонската јавност“.

– Жалиме што едно свето место како што е Охрид, СДСМ и Тунтев преку вакви нарачани и лажни прес конференции, континуирано го користат како средство за партиски цели и прибирање на ситни политички поени.

Како пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ сметаме дека македонската јавност заслужува да ја дознае вистината. Оттука, сакаме да информираме дека неодржвувањето на „Надзорната расправа за состојбата со природното и културното наследство на охридскиот регион“ во овој момент е на барање на Националната комисија на УНЕСКО, а не како што Томислав Тунтев и СДСМ се обидоа да ја изманипулираат и излажат јавноста дека тоа се должи на немање на политичка волја од страна на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Имено, по донесувањето на одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во однос на состојбата со природното и културното наследство на охридскиот регион, Националната комисија за УНЕСКО со допис ја информира Владата на Република Македонија за исходот од 40-тата Сесија на Комитетот на УНЕСКО за светско наследство кое се одржа оваа година во Истанбул, Р.Турција.

На владина седница која се одржа на 30.08.2016година, Владата ја прифати Информацијата и усвои конкретни заклучоци со конкретни рокови кои што треба да се реализрираат до крајот на ноември 2016 година во охридскиот регион од страна на повеќе институции како што се: Министерството за култура, Министерството за транспорт и врски, Јавното претпријатие за државни патишта, Министерството за животна средина и просторно планирање, НУ Национален парк Галичица, Општина Охрид и други.

Во таа насока, според препораките на УНЕСКО сметаме дека надзорната расправа во однос на оценката на состојбите со природното и културното наследство во охридскиот регион би било поцелисходно да се одржи по спроведување на акцискиот план односно пред доставување на Извештајот до Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, најрано во декември оваа година, а најдоцна во јануари 2017 година.

Од друга страна, додека ние посветено и силно работиме за развој и туристичка промоција на Охрид и културното наследство кое што го поседува градот, Томислав Тунтев заборави дека како поранешен заменик – градоначалник на Општина Охрид заедно со поранешниот градоначалник од редовите на СДСМ Александар Петрески, ја оставија општинската каса со огромни долгови и ја доведоа општината до работ на банкрот.

Очигледно Томислав Тунтев заборави дека додека беше заменик – градоначалник на Општина Охрид се расфрлаше со незаконски одобренија за градби кои го уништија централното градско подрајче во Охрид, заборави како трошеше на скапи ручеци на сметка на општината, како се луксузираше со скапи и непотребни службени патувања, како замижуваше пред убраната мафија која што го унакази Градот Охрид.

Ваквата лажна грижа која што ја покажуваат СДСМ и Тунтев за Охрид и неговото културно наследство веќе многу пати е видена и препознаена од нас пратениците, од жителите на Охрид, но и од целокупната македонска јавност, се вели во соопштението.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.