Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Власта готви паралелен систем за УКИМ

20
By Нова ТВ on June 29, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 29, 2016 14:21

Формирањето на Универзитетот „Дамјан Груев“ е намера на власта да направи капитулација на УКИМ под превезот на „зголемување на конкуренцијата“, коментираат универзитетските професори со кои разговараше НОВА.

Иако првично беше најавен како Универзитет за мир, безбедност и одбрана, Владата на еден ден пред гласањето на Законот за нов Универзитет, до Собранието поднесе предлог со дополнителни три насоки, со што „Дамјан Груев“ доби вкупно единаесет високообразовни единици во својот состав.

Според професорката и екс-министерка за образование, Емилија Симоска, целта на власта е да се урне угледот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како најстар универзитет во државата.

-Се работи за врв на една континуирана и долготрајна хајка која се води против УКИМ, чија цел е нарушување на угледот и моќта на оваа институција. Во рамки на оваа битка со УКИМ, која под закривање зад некои реченици како „зголемување на конкуренцијата“ и како тоа било „здрав процес“, фактички се крие желба УКИМ да го изгуби приматот кој досега го имал како најстар и најсериозен универзитет.

За конкуренција може да зборувате дека ќе го либерализирате приватниот пазар, но да зборувате за зголемување на конкуренција на јавните образовни институции, користејќи ги зборовите на пратеникот на Илија Димовски, дека ќе се урне монополот на корумпираните институции, многу е јасно дека тоа е насочено кон рушење на угледот на УКИМ. Зошто се носи под скратена постапка., тоа значи дека нема сериозна анализа дали на Македонија и треба воопшто нов универзитет, како и која е аргументацијата за потребата од постоењето на овие студиски програми, вели професорката Симоска.

Emilija-Simoska-1
проф. Емилија Симоска (фото: Нова Македонија)

И универзитетскиот професор и екс-министер за образование Ненад Новковски  кој ја изгуби трката за нов ректор, смета дека целта на законот е да се направи капитулација на УКИМ.

-Донесувањето на овој закон јасно беше поврзан со создавањето на неопходните услови, а неопходниот услов беше капитулацијата на УКИМ, каде сенаторите го предадоа универзитетот во рацете на власта. Откако веќе ја добија таа позиција, сега основаа нов универзитет кој треба да го замени УКИМ. Власта може едноставно да ги пренасочи сите ресурси во таа институција која сака да ја поддржува. а ресурсите веќе постојат“, вели Новковски.

nenad-novkovski
проф. Ненад Новковски

Според него, во новиот универзитет ќе бидат „згрижени“ луѓе блиски до власта кои ќе можат лесно да бидат обезбедени.

„Квалитетот веќе беше уназаден во последниве десет години, па сега со овие ужасни универзитетски менаџменти и пратично нема понатаму каде да паѓа, веќе е паднат на многу ниско ниво, според одличноста како нивото на Крагујевац“, смета Новковски.

Вчера владејачкото мнозинство во Собранието со 67 гласа „за“ и шест „против“ одлучи Универзитетот Дамјан Груев да се формира.

Реториката на пратениците од власта беше со фокус на тоа дека новиот Универзитет ќе направи промена во високото образование, бидејќи според нив, досега просперирале само „фамилијарните лози“.

-Мораме да признаеме дека е јавна тајна дека сите фамилии и студенти имале проблем. Тоа не треба да даде генерална слика на сите професори, ама дека има монопл – има. Дали само фамилијарните лози просперираат – така е. Цели ходници се со исто презиме на Медицинскиот факултет, вие не можете да станете ниту асистент ако вашиот татко не бил професор на Медицина или Правен. Не можете да најдете градежен инжењер за да го вработите, има апсолутен недостаток, смета пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

ilijadimovski
Илија Димовски – координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Заменик-министерот за образование Спиро Ристовски пак посочи дека „Дамјан Груев“ ќе биде Универзитет кој нема да има големи и масовни квоти на запишување, туку ќе биде Универзитет на која ќе се фокусира целата академска јавност во насока на подобрување на квалитетот, а не за хиперпродукција на кадри.

Во отсутво на опозицијата кои најавија бојкот на собраниските активности, независната пратеничка Солза Грчева од собраниската говорница порача дека со ваквиот Универзитет, се прави обид за паралелен систем и дисквалификација на најстариот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Таа тврди дека новиот универзитет е „освета на бившите повторувачи“, кои ќе ги вдомат партиските кадри и ќе ги осакатат генерациите со хиперпродукција.

SolzaGrceva
Солза Грчева – независен пратеник

„Дамјан Груев“ е трет универзитет основан во времето на оваа власт, откако претходно беа формирани и универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и универзитетот на албански јазик – „Мајка Тереза“ во Скопје.

Универзитетот „Дамјан Груев“ се основа со следните високообразовни единици во негов состав:

  1. Воена академија за копнена војска „Генерал Михаи¬ло Апостолски“;
  2. Воздухопловна академија „8-ми Септември“;
  3. Факултет за безбедност „Никола Петров Русински“;
  4. Mедицински факултет „Др. Христо Татарчев“;
  5. Факултет за мировни студии и кризен менаџмент „Пере Тошев“;
  6. Правен факултет „Павел Шатев“;
  7. Институт за командни и штабни функции и лидерство „Тодор Александров“;
  8. Институт за информатички технологии и сајбер безбедност „23 Октомври“;
  9. Економски факултет „Борис Сарафов“;
  10. Градежен факултет „Методија Шаторов Шарло“ и
  11. Архитектонски факултет „Методија Андонов Ченто“.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.