Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Власта и „редот“ во градот – прочистување или партиска консолидација?

0
By Zoran Ivanov on November 13, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 13, 2025 11:17

Во политичката теорија за локална самоуправа постои стара двојба, дали градоначалникот е избран да го претставува градот или партијата што стои зад него. Во земји со слаба институционална култура, како што е нашата, локалната власт често се претвора во продолжена рака на централната.

Жанета Ќосе

Кога новиот градоначалник на Скопје кажа дека отпуштил 500 вработени од јавните претпријатија, пред јавноста се исправи дилемата дали зад звучната бројка се крие посериозно прашање и дали станува збор за вистинска реформа или за политички спектакл наменет за партиската публика. Тој зборува за „ред и дисциплина“, но редот не може да се воспостави со броење на отпуштени, туку со создавање систем што функционира и без градоначалникот да се појавува на телевизија.

Политичката позадина е очигледна, градоначалникот е на ВМРО-ДПМНЕ, а партијата не крие дека сака да ја врати целосната контрола врз главниот град. Оттука, акцијата лесно може да се чита и како операција за кадровско и идеолошко ресетирање на градот под нова партиска директива. Акцијата може да се чита и како демонстрација на сила, новата власт да покаже дека секој што не е дел од нејзината мрежа е заменлив. Под превезот на „одговорност и ефикасност“, ризикот е градската администрација да се претвори во партиска армија, а не во сервис на граѓаните.

Во политичката теорија за локална самоуправа постои стара двојба, дали градоначалникот е избран да го претставува градот или партијата што стои зад него. Во земји со слаба институционална култура, како што е нашата, локалната власт често се претвора во продолжена рака на централната. Наместо автономни градови со сопствена визија и одговорност, добиваме филијали што ги спроведуваат партиските приоритети.

Токму затоа, секоја голема кадровска акција, дури и кога изгледа како нужност, мора да се гледа низ призмата на политичката автономија, кој навистина одлучува – градоначалникот во име на граѓаните или партискиот штаб во име на интересите ? Дали Скопје е локална самоуправа или станува партиска експозитура ?

Регионот нуди доволно примери за оваа подвоеност. Белград по 2014 година, под владеењето на СНС, е класичен пример на град каде инфраструктурата расте, но демократијата се стеснува. Софија под ГЕРБ функционира како модел на „контролирана самоуправа“, формално независна, но реално зависна од централната партиска структура.

Загреб по промената на власта, се обидува да излезе од тој круг, но и таму се гледа колку е тешко да се одвои градската администрација од партиските интереси. Во тој контекст, Скопје не е исклучок, туку само уште една престолнина што се бори да докаже дека „локална власт“ не мора да значи „партиска филијала“.

Скопје сега стои пред истата дилема – дали ќе расчисти со фантомите или ќе создаде нови, само поинакво обоени. Ако зад чистката стои вистинска волја за реформа, тогаш мора да следат транспарентност, критериуми и отчетност пред јавноста, а не пред партијата.

Но ако акцијата е само параван за нова кадровска поделба, тогаш Скопје повторно ќе се врати во својата најпозната улога, град без вистинска самоуправа, каде редот секогаш завршува под нечии грб и знаме.

Жанета Ќосе колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 12, 2026Updated:June 12, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

ВЕСТИ June 12, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави и Иран се на чекор до…

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026

САД – Канада – Мексико: Во 21.00 часот по средно европско време почнува 23-то Светско првенство во фудбал

June 11, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.