Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Власта крие како ги троши јавните пари

0
By Нова ТВ on November 26, 2014 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Само 3,3 отсто од државните институции во земјава на своите веб страници го имаат објавено тековниот буџет како и трошоците кои ги имале во текот на годината. Останатите институции уште стојат на податоците од 2013та година, а најголемиот дел од нив немаат објавено ни тековен стратешки план за работа.

Трошењето на народните пари кај нас е апсолутно нетранспарентно иако 20 години наназад се учи што е да се биде транспарентен и одговорен, сметаат експертите.

Според статистички податоци или она што е јавно обелоденето се гледа дека најголем дел на тендери се спроведени за избор на проектни и архитектонски решенија во минатата година. Истотака двојно е зголемен бројот на јавните набавки во вредност под 5 000 евра за што не постои законска обврска јавно да се образложува намената.

Според д-р Слаѓана Тасева, претседателка на организацијата „Транспаренси Интернешнал“ преку ваквите механизми власта изнаоѓа начини како да оди преку помали набавки и помал обем за помалку да биде обврзана да дава отчет за своите постапки на јавноста.

-Мојот заклучок е дека правиме се за да имаме закони кои ќе дадат првиди дека се прави нешто во обезбедување на транспарентноста и одговорноста во трошењето на јавните пари,а од друга страна се прави се за да се одбегнуваат обврските за одговорноста и отчетност.Тука лежи најголемата можност за злоупотреба на јавните пари. Барањето да се избегне да се даде отчет значи дека сака нешто да се сокрие и тука лежи најголемиот ризик од корупција, рече Тасева на денешната дебата посветена на прашањето за транспарентноста на власта.

Според неа, власта ги фокусира парите за реализација на своите замислени проекти, а реалните проблеми на граѓаните се во втор план

-Излегува дека ние сме држава која повеќе има потреба од градење на споменици и згради отколку од јавни набавки за инфраструктура или од областа на здравството или образованието.Ако се согледаат во реалноста проблемите на граѓаните гледаме дека овие трошења не одговараат на потребите на граѓаните, токму тука лежи потребата да се биде нетранспарентен за ова да не се разговара и што поприкриено да може да се трошат тие пари без контрола од никого. Контрол недостасува, ниту институциите го прават тоа, Собранието целосно ја изгуби својата улога во контрола, значи нема ниту кој да ги повика на одговорност, рече Тасева.

Според достапноста на информациите спомениците и зградите се први на списокот како трошок на државата. Професорот Ванчо Узунов смета дека се додека граѓаните не побараат отчет од власта за тоа како ги троши нивните пари, таа самата никојгаш нема да го направи тоа.

-Овој проблем може да се реши тогаш кога ќе постои политичка волја. Ако нема политичка волја ние можеме да носиме закони или проекти кампањи се е тоа бадијала шминка, се додека на крај нема стварно волја политичарите да ги објавуваат податоците и транспаретно да работат. Тука има добра новост дека и во Македонија го прават тоа што граѓаните стварно го бараат од нив. Целата основа за задачата и за овој проблем на нетранспаретноста се сведува на тоа како да се пдоигне волјата на граѓаните да го побараат тоа. Ако го побараат тоа, дефинитивно потоа за решавање на проблемот, изјави Ванчо Узунов.

Експертите сметаат дека неопходна е демократска контрола врз власта се со цел јавните пари да се наменат за подобар живот на граѓаните. Граѓаните имаат право да знаат а власта мора да ги информира бидејќи тоа и е обврска од моментот кога прифатила да ја извршува власта.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.