Владата повеќе се задолжува отколку што се раздолжува. Од почетокот на годината досега, долгот на државата е зголемен за 116 милиони евра, анализира Радио Слободна Европа. За три и пол месеци, владата позајмила 352 милиони евра, а вратила стари долгови во вредност од 236 милиони евра. Најголемо задолжување е направено минатиот месец, кога владата позајмила 240 милиони евра, а вратила долгови од 178 милиони евра, односно само во март го зголемила долгот за 62 милиони евра.
„Тоа е над 1 милиони евра ново задолжување дневно во оваа година. Па треба да сте совршено неспособен за да се задолжувате толку на еден народ од два милиони жители или се работи за спасување на лична глава по секоја цена или човечката историја памети владетели коишто велат после мене потоп“, вели поранешниот министер за економија Зоран Витанов.
Целата анализа прочитајте ја на веб страницата на Радио Слободна Европа