Македонија откако во изминатите години ја „засади својата иднина“, денес го
„засади и здравјето“. Се садеше по разни времески услови, сонце, ветар и дожд, оваа година и на снег, но ништо не ја запре акцијата „Ден на дрвото“.
НОВА направи избор на инсерти како низ годините се одвиваше акцијата, садеше власта, садеа и личности од македонската естрада.
Годинава низ центарот на Скопје поради опсежните градежни активности беа исечени 50-годишни дрвја и тоа во ноќните часови, а акцијата „Ден на дрвото“ беше главното алиби на власта.
Се започна во август 2007 година, кога маестро Борис Трајанов рече: „Не сме само ние жители на Планетата, и шумите се жители како и ние“.
Сите акции се безрезервно поддржани од Владата на Република Македонија со сите надлежни министерства, Заедницата на локалната самоуправа (ЗЕЛС) со општините, и ЈП „Македонски шуми“.
За годинешната акција „Денот на дрвото“ се потрошени 1 милион евра за 5 милиони садници, коишто ги обезбеди ЈП „Македонски шуми“.
Директорот на „Македонски шуми“ Жарко Караџоски ги отфрли обвинувањата дека досегашните акции во кои беа засадени 50 милиони садници се неуспешни и се повика на податоците на американската вселенска агенција, НАСА, чии саталитски снимки покажуваат, според него, дека Македонија не е во негативниот тренд на губење на зеленилото.
.png)
фотографија од сателитот на НАСА за период од 2000 до 2012 година
Во акцијата „Денот на дрвото“ досега се засадени 56 милиони дрвја. Покрај брезите, чемпресите, јасените во Дојран, Охрид и Струга беа засадени палми.




