Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Власта со аплауз го изгласа задолжувањето од Британија, за опозицијата тоа е „скандалозно“

0
By Zoran Ivanov on May 28, 2025 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратениците попладнево го изгласаа договорот со кој земјава влегува во стратешко партнерство со Велика Британија, во чии рамки оваа држава ни овозможува пристап до шест милијарди евра за инвестиции во инфраструктурата. Парламентарците од власта исходот од гласањето – 76 гласови „за“ и 6 „против“, го поздравија со аплауз.

Во дискусијата претходно, опозицијата рече дека ова е скандалозен закон и скандалозен договор, не само поради задолжувањето кое е проблематично само по себе, туку и во делот на „суспендирање на македонското законодавство“.

На ова преудпреди поранешниот уставен судија, а сега пратеник од „Европскиот фронт“, Сали Мурати.

Материјалите не беа доставени благовремено, а денес треба да одлучуваме за милијарди евра задолжување. Ова не е сериозен начин на работа за одлука од ваква важност. Морам да укажам на сериозни недостатоци на договорот – прво, финансиска неопределеност во договорот, ова е двостран договор, со обврски, тој не содржи ниту една конкретна цифра за каматните стапки, роковите, тука фалат битни елементи на договорот, роковите за отплата, не знаеме дали зборуваме за 2, 5 или 8% камата, не знаеме дали роковите се 10, 20 или 30 години. Втората слабост е лимитот на кредитирањето, ограничување на пет милијарди фунти, проектот на брзата железница во соседните земји чинел повеќе од оваа сума и се прашувам дали овој лимит е реален за сите овие наведени проекти, рече Мурати.

Најпроблематична по мене е правната несигурност, членот 6 од Договорот експлицитно вели не создава правни дејствија. Ова се права и обрвски на сите страни, исклучува арбитража, судски постапки и упатување на трети страни за решавање на споровите. Доколку британската страна не ги исполни сите обврски ние немаме правни механизми за заштита, можеме само дипломатски консултации да имаме. Ова создава правна асиметрија кадешто силната страна нема ограничување, а ние немаме заштита. За Бехтел договорот имаше арбитражни механизми, од ЕУ проектите имаат јасна правна заштита, ваква клаузула нема во ниту еден сериозен меѓународен договор. Вие се задолжувате во наше име и имате обврска да ни дадете отчет за граѓаните, со ова не предвидувате никаков надзор. Ние сега ќе гласаме и после ова немаме механизам да контролираме, рече пратеникот Мурати.

 

британски закон кредит Собрание усвоен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.