Во отсуство на пратеничката група на СДСМ, пратениците од власта го изгласаа Законот за абортус со 62 гласа „за“.
Поддршка за Законот даде и пратеникот на Српската напредна странка, Драгиша Милетиќ.
Ивон Величковски, пратеникот на ЛП им порача да не го загорчуваат дополнително животот на жените кои се одлучиле на абортус. Величковски беше единствениот пратеник кој гласаше против законското решение.
Величковски посочи дека административната постапка во законот го отежнува процесот на избор.
– Прифативте номинална расправа, а потоа продолживте со реклами. Со административни постапки се обидовте да креирате популациска политики. Ја вмешавте и црквата, ама ќе ви кажам дека државата ќе биде толку силна колку што ќе ја браниме секуларноста. Стимулирате абортус да се случува во шупи и гаражи наместо да ги едуцирате граѓаните – рече Величковски.