Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Влатко Ѓорчев: Шеќеринска да се извини за интервјуто

0
By Нова ТВ on September 29, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 29, 2013 14:37

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев, денеска на прес-конференција побара извинување од заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска, за нејзиното интервју за грчките медиуми.

-Поминаа неколку дена од срамното интервју на Радмила Шеќеринска за грчките медиуми, а нејзе никаде ја нема да им се извини на граѓаните. Кога сака да се пофали со нешто таа е таков политичар што неможете да ја симнете од екран. Но сега ја нема. Кажа и избега.

За нас се разбирливи реакциите на граѓаните кои со право негодуваат кон ставови на политичар, што долги години е на високи државни функции, со кои се нарушуваат и загрозуваат македонските позиции кон спорот кој Грција го наметна.

Ситните партиски интереси, личниот гнев и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ, не се доволна причина за еден политичар како Радмила Шеќеринска да си дозволува да ги загрози интересите на целата држава и на сите граѓани. Таа може да биде лута на сите заради своите изборни неуспеси, но не треба да зборува со аргументи кои може да и нанесат штета на својата држава.

Грчката држава и грчката дипломатија со задоволство користат вакви примери, во кои политичари како Радмила Шеќеринска, ја изедначуваат и вината и одговорноста на Република Македонија и Грција. Затоа впрочем ја пренесоа сите грчки медиуми. Од полза им е. Оваа не е прв пример на политичар од СДСМ,

Да зборувате за проблемот на Република Македониja, а да не ја споменете пресудата од Меѓународниот суд на правдата од Хаг, да не ги спомнете позициите на граѓаните во врска со прашањата на идентитетот и да не ги споменете сите конструктивни чекори кои Македонија ги превзема во овие дваесетина години, секако може да остави впечаток за политичар кој повеќе се грижи за својот имиџ во очите на грчката јавност од тоа што се грижи за националните и државни интереси на Република Македонија.

Искрено жалиме што ставовите на Шеќеринска често ги слушаме и како аргументи на грчките дипломати кога објаснуваат зошто нашата држава не треба да продолжи да чекори кон ЕУ и НАТО. Тоа за Република Македонија е проблем.

И СДСМ и Радмила Шеќеринска имаат секакво право да се борат против оваа власт и Влада, но не преку грбот на националните и државни интереси. Тие може да не критикуваат за што ќе посакаат, но мора да водат сметка кога во прашање се толку суштествени прашања како спорот што е наметнат од Грција. Напаѓајќи ја Владата, во овој случај повеќе ја напаѓаат државата.

Очигледно нејзината желба да се претстави за успешени модерен политичар отишла до таму што е подготвена да се трампа со интересите на сопствената земја, изјави Ѓорчев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.