Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Влатко Васиљ: Без хумор и критика, општеството мачно умира!

0
By Нова ТВ on March 6, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 6, 2013 13:52

Еден од најпопуларните онлајн ликови во Македонија, Влатко Васиљ, во интервју за Радио МОФ, говори за сатирата како одговор на пропагандата и критиката со која обидува да внесе кислород во општеството.

– На конференцијата за социјални медиуми и активизам „Engage” присуствувате по втор пат. Колку е значајна оваа конференција за онлајн заедницата во Македонија?

Можеби е најзначајна, затоа што досега не се организираат никакви настани во кои онлајн светот би се префрлил и офлајн. Ова е единствениот јавен настан што се организира, за да се покажат луѓето што не се јавни фаци а делуваат по социјалните медиуми.

– Вашите статуси и постови доминираат на Фејсбук и на Твитер. Ви одзема ли многу време ваквиот Интернет активизам?

Не ми одзема време зашто тоа ми е секојдневието. Ако не сум на лаптоп, сум на мобилен и кај и да сум, на Интернет сум. Цело време сум онлајн и мислите кои ми доаѓаат дури и кога мијам садови, потоа ги пренесувам онлајн.

– На „Engage“ говоревте за сатирата како одговор на секојдневието и пропагандата. Кој води во моментов, пропагандата или слободното изразување?

Пропагандата води, но истовремено е поттик за да се развива сатирата. Ако пропагандата е промашена и ефтина, таа води до сатира. Луѓето како мене, како Сеад или Бетмен, најчесто ја користиме сатирата за да кажеме нешто што не ни се допаѓа и што мислиме дека треба да биде подложено на критика. Но тука сме негде, 2:1 е резултатот J

– Се обидел ли некој да влијае некако за да ги повлечете вашите статуси? Имало ли обиди да ве замолчат?

Досега сум немал обиди да ме замолчат. Сум имал спротивставување на ставови и се додека тие дебати се воделе, во рамките на умереноста и без навредување и без лични конфронтации, тоа е во ред. На многу луѓе кога ќе им го кажам ова им е чудно, но мене не ми е чудно. А и зашто би имал? Општество без критика е општество што умира, а општество без хумор и без критика е општество што мачно умира.

Во продолжение може да го слушнете целото аудио интервју со Влатко Васиљ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.