Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВЛЕН и Европски Фронт во битка за ист простор и датум за завршните митинзи – објавени документите кој прв добил дозвола

0
By Marija Todorovska on May 2, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 2, 2024 15:00

Коалицијата ВЛЕН преку медиумска конференција презентираше документи во врска со барањето за митингот на 6 мај во Тетово, каде Европскиот фронт најави митинг на истото место и истиот ден, известува Алсат.

По пресметките  на социјалните мрежи меѓу овие две коалиции, ВЛЕН денеска објави дека тие први побарале дозвола за митинг на плоштадот Илирија во Тетово, а не Европскиот фронт, како што претходно објавија од таму.

Во овие документи може да се види дека од ВЛЕН доставиле барање на 11 април за овој митинг, додека Европскиот фронт на 12 април.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ  на 30 април ги анализираше аспектите на овие предизборни „преклопувања“ помеѓу двете спротивставени коалиции, и  ги објави соопштенијата од двете политички коалиции , во кои секоја од нив тврди дека на 6 мај ќе одржи завршен собир на плоштадот Илирија во Тетово, бидејќи и едните и другите добиле дозвола за тоа.

„И двете спротивставени коалиции тврдат дека од општинските власти и органите на МВР е дадена согласност за одржување на митинзите, што создава простор за многу шпекулации, а и потенцијални тензии, како и плодно тло за немири, што според вжештените наративи на одредени политички „натпреварувачи“ во овој изборен циклус, би било „цреша врз програмната торта“.“, се наведува во извештајот на ЦИВИЛ.

Инаку, во интервју за Слободна Европа, објавен на 24 март 2024 година, техничкиот министер на МВР, Панче Тошковски изјави дека е сомнително е што СВР Тетово доби нов началник на неколку денови пред неговото доаѓање на функција и Владата не дозволи да е сменет, тврди министерот. Тој посочи дека со началникот се сретнале и добил гаранција дека ќе има мирни избори, но сепак засилено полициско обезбедување ќе има во Тетово и Гостивар.

Д. Тахири / Цивил Медиа

ВЛЕН Европски фронт
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.