Маркус Рашфорд (23) ја продолжи верноста кон Манчестер јунајтед. Младиот англиски фудбалер потпиша нов договор со „црвените ѓаволи“ за неделна плата од 200.000 фунти и со важност до 2023 година.
Офанзивниот крилен фудбалер е во тимот од „Олд Трафдорд“ од неговата седма година. Дебито за првиот тим го имаше во 2016 година под водство на Луи ван Гал.
„Овој клуб ме обликуваше и како фудбалер, но и како човек. Голема привилегија е да се носи дресот на Манчестер јунајтед и посебно се чувствувам при секое излегување на терен. Јунајтед ми е се во животот од мојата седма година. Ќе продолжам да давам максимум за овој тим се додека не му ја вратиме славата што ја заслужува“, истакна Рашфорд.
Во дресот на Манчестер јунајтед досега одигра 111 меча во кои постигна 27 гола. За репрезентацијата на Англија, пак, има 32 настапа и седум погодоци.