Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Влошена состојбата на првиот пациент со вградени пумпи во срцето-потребна е трансплантација

0
By Менче Атанасова Точи on May 22, 2020 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Влошена е здравствената состојба на 31 Христијан Неделковски кој веќе осум години живее приклучен на батерии, со вградени две пумпи во срцето (БИВАД), интервенција која беше направена во болницата „Херцентрум“, во Берлин. Тој е примен на одделот за интензивна нега во Државата кардиохирургија, откако пумпите алармите дека нешто се случува со неговото срце. Христијан е првиот пациент на кого му беа вградени пумпи во срцето пред осум години, а рокот на траење на овие пумпи е пет години.

Христијан во февруари годинава алармираше за проблемот кога заедно со Исмет Хаџиу единствениот пациент со вештачко срце, (кој почина пред неполн месец), беа гости во емисијата ПРОЦЕС на НОВА.

„Ситуацијата е алармантна. Неговата здравствена состојба е влошена, тешко дише, намалени се параметрите и пумпите цела ноќ алармирале, свиреле. Сега е хоспитализиран и ставен на кислородна маска. Бараме институциите да ја преземат одговорноста, да се спаси неговиот живот, без разлика дали ќе му се помогне во државата или во странство“, изјави Ирена Ралева Најдовска, член на Здружението„ Храбро срце“, кои активно се залагаат да им се помогне на овие пациенти.

Христијан живее приклучен на батерии со придружна опрема тешка 7-8 килограми и од која е невозможно да се одвои кога спие,  се движи, се бања. Вештачкото срце или пупмите кои се вградуваат во развиените земји се само преодна фаза додека се најде срце и направи трансплантација.

„На нас времето времето на живот ни е ограничено. Ако немаме поддршка од ФЗО и од Министерството за здравство добрата приказна, ќе стане лоша приказна. Ќе си заминеме еден по еден“, вели за НОВА, Даниел Тодоровски, претседател на здружението„Храбро срце“, кога објавивме дека почина единствениот пациент со вештачко срце, Хаџиу.

Во моментот во државата има над дваесттина пациенти кои имаат потреба од трансплантација на срце, десеттина од нив немаат никаква механичка поддршка, а останатите имаат вградени пумпи и или механичко срце. Во државната кардиохирургија интервенција беше извршена на тројца пациенти, едниот почина. Двајца други кои се оперираа во Систина починаа, едниот од нив по една година од операцијата.

Освен Христијан кој има вградено две пумпи( БИВАД) има и една 28 година девојка на која и е вградена една пумпа(ЕРВАД). Операцијата кај Кристијан чинеше 460 000 евра, а откога помина рокот на траење од 5 години, тој живее со многу компликации.

Трансплантацијата чини три пати помалку од вештачкото срце и вградувањето на пумпи и изнесува од 85 000 до 100 000 евра.

Од здружението уште пред неколку месеци бараа да се започне со итна кампања за органодарителство, да може покрај бубрези тука во државата, со помош на странски лекари да се врши и трансплантција на срце. Поднеле и барање и до ФЗО за здравствени  пакети за овие пациенти бидејќи услугите постоперативно сами си ги плаќаат, но одговор не добиле.

НОВА објави неколку стории на оваа тема, а во февуари годинава во ресорното министертво најавија дека годинава за прв пат трансплантацијата на срце е вклучена во Програмата  за трансплантација, а предвиден е и буџет за нејзина  реализација.

Од таму потенцираа дека се изработува софтверот и се подготовува Националната листа за трансплантација за срце по одредени параметри на која во моментов се наоѓаат сите пациенти од три медицински центри во државата( Универзитетска клиника за кардиохирургија, Клиничка болница Аџибадем Систина и Жан Митрев  Клиника).

Инаку, не постои можност пациентите кои имаат потреба од трансплантација на срце тоа да го направат во странство, а пресадување на срце во државата се уште не се врши.

Од Канцеларијата на Националниот координатор за трансплантација во Министерството за здравство објаснија дека националните системи се конципирани на тој начин што предност во трансплантацијата имаат само државјаните на земјите во кои таква  програма постои.  Истото важи и за членките на Еуротрансплант, а за да нашата држава се приближи до членство мора да исполни повеќе услови.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.