НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Влошена состојбата на родилката – околу 30 пациенти со тешка клиничка слика

0
By Менче Атанасова Точи on April 7, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Влошена е состојбата на родилката од Куманово која беше донесена со коронавирус на Клиниката за гинекологија, а потоа префрлена на Инфективна клиника. Таа роди здраво машко дете кое не било заразено од мајката. На оваа клиника шест пациенти се на апарати за дишење, приклучени на респиратор, а 12 имаат потешка клиничка слика. Таму денеска се примени се четири нови пациенти со што вкупно сега се хоспитализирани 67.

„Шест од нив се приклучени на респиратор, а 12 имаат потешка клиничка слика. Забележено е и влошување на здравствената состојба на родилката од Куманово. Таа е респираторно самостојна, но има значително полоша клиничка слика“, изјави  министерот за здравство Венко Филипче.

Пет нови смртни случаи како последица на вирусот ковид-19 во изминатите 24 часа. Четири од нив се на Клиниката за инфективни болести, тоа се пациент од Куманово (52 години), пациентка од Лабуништа, Струга (65 години), пациентка од Челопек, Тетово (62 години) и пациентка од Штип (81 година). Петтиот смртен случај е регистриран во домашни услови во Куманово кај лице на возраст од 53 години.

„Вкупниот број нови заразени изнесува 29 пациенти, додека вкупниот број од почетокот на пандемијата е 599. Во изминатите 24 часа направивме 386 тестови, односно вкупно 5879“, рече Филипче.

Терапијата со комбинација на антибиотик и антималарик која се дава на дел од заболените на Инфективна покажува дека тие имаат континуирано стабилна клиничка слика.

Филипче рече дека е изготвен протоколот со Институтот за трансфузиологија за лекување со крвна плазма од оздравените пациенти, но се чека официјално да помине процедурата во Агенцијата за лекови, но нагласи дека многу внимателно треба да се пристапи со оваа терапија.

Во болницата во Куманово со КОВИД- заболени се вкупно 18 здравствени работници. Министерот денеска беше во посета на Куманово, заедно со претставници од Институтот за јавно здравје.

„Инфективното одделение е најмногу на удар и затоа се пратени како помош двајца доктори од Штип и од Скопје. Од вкупно 700 вработени во болницата има уште 80 здравствени работници кои се во самоизолација. Тие ќе бидат тестирани откако ќе помине периодот на инкубација. Нема друго одделение во болницата кое е со коморомитирана функција, односно со недостаток на кадар“ рече Филипче.

Во болницата „8-Септември“ има 19 пациенти, од кои 3 се на респираторни машини, а 9 се со потешка клиничка слика. На клиниката за дигестивна хирургија има вработен кој најверојатно има заболен член на семејството, во тек се тестови на семејството за потоа да се види како понатаму ќе се постапува.

Во болницата во Битола префрлени се сите пациенти од охридската болница, тоа се заболени од околината на Струга. Во болницата во Штип има четворица заболени со КОВИД-19, од кои еден е со средно тешка клиничка слика, а тројца се со лесна манифестација на болеста.

„Инфективната клиника е најмногу на удар каде што се сместени најмногу заболени и потешки случаи. На клиниката работат 23 лекари специјалисти на кои им се придружија и специјализантите, а тие помагаат организациски и со своето искуство. Долгогодишното нераспишување на нови специјализации и неатрактивноста на оваа гранка доведе во ситуација да има малку кадар од оваа специјалност, рече Филипче.

Министерот Филипче информира дека ДСЗИ континуирано е на терен, направени се 91 вонреден инспекциски надзор во јавните здравствени установи и 12 во приватните, за да се утврди дали имаат медицинска заштитна опрема, средства за дезинфекција и слично.

„Во Центарот за јавно здравје во Кочани една вработена е во изолација бидеќи кај нејзиниот син е потврден коронавирусот. Центарот функционира непречено“, посочи министерот Филипче.

Во Шуто Оризари пред неколку дена почина пациент за кого резулатот од  тестот дека е позитивен стигнал откога починал. Во изолација се три големи семејства кои живеат во супстандардни услови, без струја, вода и канализација. На прашањето на НОВА, дали во овој регоин со околу 20 000 жители се планира да се постави пункт за тестирање и да се насочи вниманието таму, министерот Филипче одговори:

„Треба да се насочи вниманието таму, поединечно да се анализира случајот, за ризиците од трансмисија да се сведат на минимум“, рече Филипче.

Министерот им го честиташе Светскиот ден на здравјето на здравствените работници и им порача да се чуваат бидејќи тие се столбот на државата во овие моменти и го чуваат јавното здравје. Во исто време апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките кои ги донесе Владата, кои се рестриктивни со цел да има што помалку заболени и починати.

Во светот досега има околу 70 000 луѓе починати од коронавирусот, а СЗО ги предупреди земјите да не ги намалуваат мерките за заштита.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.